Познат добитникот на бесплатна фиксна протеза од наградната игра на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“

Со помош на специјален софтвер извлечен е добитникот на бесплатна фиксна протеза од наградната игра на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, што ја објави магазинот за здравје и современ живот „Наше Здравје“, во пролетното издание. Добитник на наградата е Ивана Ванкоска.

Ивана имаше најмногу среќа од неколкуте стотици учесници во наградната игра, кои согласно јавно објавените правила, ги исполнија условите за учество во главното извлекување.

Наградната игра на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ што ја реализираше магазинот „Наше Здравје“, со поддршка на „OhridNews“, го привлече вниманието на над 40.000 читатели во регионот.

Наскоро од печат ќе излезе летното издание на бесплатниот магазин „Наше Здравје“ со многу корисни информации и изненадувања за читателите, кој можете да го најдете во најблиската „Виа Фарм“ аптека.

Tags: