Фасети

Фасети

Во нашиот центар користиме фасети за постигнување на врвна естетика за вашата насмевка. Бидејќи се стремиме кон совршенство во нашата работа, нашите архитекти за насмевка користат најсовремени материјали за да постигнат совршено убава и природна нова насмевка за пациентот. Доколку сакате да имате совршена насмевка и ги барате најдобрите забни фасети, не барајте повеќе, ние ја заслужуваме вашата доверба! Ние ќе направиме темелна проценка на вашата стоматолошка состојба и прецизен план за терапија изготвен специјално според вашите потреби.

Што е фасета?

Материјалот што се користи за изработка на фасети е керамика со што се постигнува оптимален однос на цврстина и висока естетика.

  • Фасета е тенка прекривка којашто помага да се постигне висока естетика со минимална завршна обработка на забите.
  • Фасетите можат да ја променат формата, ширината и бојата на постојните заби и обично се ставаат на предни, здрави заби.
  • Фасетите имаат и функционална и естетска улога, но и бројни предности за разлика од другите протетски изработки.
  • Тие го покриваат само предниот дел на забите, па затоа се отстранува многу помалку забна маса при нивно нанесување .
  • Третманот за нанесување фасети е еден од најпопуларните козметички третмани во стоматологијата ширум светот.
  • Прекрасна насмевка и задоволен пациент е резултатот што го добиваме после процедурата.

1. Која е трајноста на фасетите?

Откако ќе се постават фасетите на забите на пациентот, неопходно е пациентот да доаѓа на редовни прегледи за да може стоматологот да може да ја следи состојбата на фасетите, како и целокупната состојба на забите на пациентот. Трајноста на фасетите е приближно пет години, но со редовна орална хигиена и редовни прегледи, нивната трајност може да биде значително подолга.

2. Кое е влијанието на фасетата на вашите заби?

Фасетите се тенки лушпи кои се користат за постигнување на висока естетика со минимална обработка на забната маса. Фасетите можат да ја променат формата, ширината и бојата на постојните заби и обично се поставуваат на предни, здрави заби.

3. Зошто се фасетите добар избор за вашите заби?

Порцеланската фасета е одличен избор во случаи кога природниот заб претставува проблем во однос на боја, форма и контура. Во случаи кога не можеме да ги избелиме забите на пациентот, порцеланската фасета е одлична опција.

Предности:

  • Предноста на порцеланските фасети е тоа што е скоро невозможно да се забележи разликата помеѓу порцеланската фасета и природниот заб затоа што порцеланската фасета се прави специјално за секој пациент
  • Со порцеланската фасета, природните заби на пациентот остануваат претежно недопрени.
  • Ако третманот за избелување на забите не е погоден за пациентот, порцеланските фасети можат да помогнат
  • Тие се препорачуваат кога треба да се пополнат мали празнини помеѓу забите

4. Композитни наспроти порцелански фасети

  • Композитните фасети се поевтина и побрза верзија во однос на порцеланските
  • Композитните фасети се помалку инвазивен начин за враќање на убава насмевка
  • Композитните фасети можат да се завршат само во една посета на стоматологот, за разлика од порцеланските
  • Во споредба со порцеланските фасети, тие не изгледаат како природни
  • Реставрацијата и замената на композитните фасети е значително поевтина во споредба со порцеланските.

Побарајте одговор и совет

Наша цел е да одговориме на вашите прашања навремено.