Дигитална насмевка

Digital Smile Design (Дигитален дизајн на насмевка)

Ние се стремиме кон совршенство и затоа нашите случаи се засноваат на концептот Digital Smile Design. DSD е концепт што ни овозможува темелно да ја испланираме стоматолошката рехабилитација и да му овозможиме на пациентот да ја види својата нова насмевка. Кога пациентите ја гледаат својата нова насмевка, нов изглед и, со тоа, својата нова личност, ние сме сведоци на нивните најискрени емоции. Токму во овие моменти го споделуваме чувството за промена на подобро со нашите пациенти.

Навистина сме среќни и горди затоа што ниту една друга професија не ја дава оваа можност. Дигиталниот дизајн на насмевка ја подобрува прецизноста на резултатите, овозможува подобра контрола и ја подобрува комуникацијата помеѓу стоматолошки тим и пациентот. Дозволете им на нашите архитекти на насмевка да создадат совршена насмевка за вас, која е заснована на концептот Digital Smile Design (Дигитален дизајн на насмевка).

Што претставува DSD (Digital Smile Design)?

DSD или Дигиталниот дизајн за насмевка ни овозможува да го предвидиме резултатот уште пред да ја започнеме постапката. Бидејќи на овој начин се овозможува да го видиме резултатот пред да започнеме со постапката, можеме и да го дискутираме и анализираме со нашиот пациент. Тоа ни овозможува да постигнеме многу поедноставен и контролиран резултат на задоволство на пациентот, како и на наше задоволство.

  • Digital Smile Design е модерна постапка за планирање на целосна рехабилитација на забите којашто овозможува детално планирање и реален увид во резултатот што може да се постигне со протетските изработки за пациентот.
  • Тоа е дигитален дизајн на насмевка што ни овозможува да направиме виртуелна претстава за новата насмевка којашто ќе ја има пациентот.
  • Digital Smile Design е основа на совршената насмевка што сакаме да ја постигнеме за добро на нашите пациенти.

1. Кои се предностите на DSD?

Постојат бројни предности на Digital Smile Design. Како прво, го знаеме резултатот којшто ќе го добиеме уште пред почетокот на постапката и може да му се презентира на пациентот уште пред започнување на процедурата. Исто така, оваа техника ја подобрува точноста и контролата на резултатите и ја зајакнува комуникацијата помеѓу стоматолошкиот тим и со пациентот.

2. Дали можат да се предвидат резултатите од третманот преку употреба на DSD?

Digital Smile Design има предвидливи резултати. Тие ни се познати пред почетокот на постапката. Бидејќи оваа техника ни овозможува да го знаеме исходот пред да започнеме со постапката, можеме да го дискутираме и анализираме поконкретно со пациентот.

Побарајте одговор и совет

Наша цел е да одговориме на вашите прашања навремено.