Дентални мостови

Дентални мостови

Понекогаш наречени фиксни делумни протези, мостовите се користат за замена на загубените заби со вештачки заби. Мостовите можат да бидат направени од злато, легури, порцелан или нивна комбинација. Стоматолозите ги прицврстуваат на соседните заби, откако ги подготвуваат за коронки. Потоа, изработениот заб се прицврстува на коронките и мостот се зацврстува врз подготвените заби. Само вашиот стоматолог може да отстрани фиксен мост.

Успешноста на процедурата и трајноста на мостот зависи од неговата основа. Затоа, запомнете дека оралната хигиена и одржувањето на здравите заби останува особено важна ако имате мост.

Побарајте одговор и совет

Наша цел е да одговориме на вашите прашања навремено.