Естетски корекции

Ботокс и хијалуронски филери

Ботоксот се користи за корекција на брчките што се јавуваат во горната третина од лицето, околу аголот на окото, брчките помеѓу веѓите и брчките на челото. Хијалуронските филери се состојат од хијалуронска киселина која е природен полисахарид што се наоѓа во човечкото тело.

5 причини зошто ќе сметате дека ботоксот и дермалните филери се одличен избор?

Во делот Здравје и естетика, ние сме специјализирани за голем број на најразновидни третмани коишто даваат убави и природен изглед, така што сме сигурни дека ќе ви се допаднат! Инјектирањето е одличен избор ако барате фантастични резултати од нешто што е релативно неинвазивно. Па, дозволете ни да ги споделиме со вас само некои од причините зошто мислиме дека ќе ги сакате ботоксот и дермалните филери.

  • Резултатите се гледаат веднаш
  • Ефектите не се постојани
  • Третманот не е инвазивен
  • Можете брзо да се вратите на секојдневниот живот
  • Може да се користат за да се третираат низа проблеми

1. Како да знаете дали третманите со ботокс или со филери одговараат за вас?

Едноставно, ако имате брчки предизвикани од мимики или брчки на горниот дел од лицето, вие сте кандидат за ботокс. Ако имате брчки кои се видливи дури и кога мускулите на лицето се опуштени, изгубен волумен и еластичност на кожата, вие сте кандидат за филери.

2. Комбинација од ботокс и филер

Само со ботокс или само со филер може да се ублажат некои од знаците на стареење, но со комбинација од двата третмани ќе постигнете најдобри резултати. На пример, со ботокс може да се подмлади челото и дел од очите, а со филер да се пополни изгубениот волумен, да се пополнат назолабијалните брчки, да се редефинира изгледот на лицето и пополнат усните.

Побарајте одговор и совет

Наша цел е да одговориме на вашите прашања навремено.