Циркониумски коронки

Циркониумски коронки

Стоматолошкиот центар Д-р Баткоски е специјализиран клинички центар за имплант-протетика чијашто цел е создавање совршени насмевки што во целост ќе ги променат пациентите и ќе го зголемат квалитетот на нивниот живот. Со коронките се постигнува совршена насмевка. Неопходно е претходно да се утврди вашата стоматолошка состојба за време на прегледот со користење на различни дијагностички процедури и да се види дали процедурата е соодветна за вас. Коронките коишто се користат во нашата клиника се изработени со напредна технологија CAD/CAM, што значи дека тие се неверојатно квалитетни, издржливи и изгледаат природно. Доколку сакате блескава, здрава и природна насмевка, контактирајте нѐ.

Зошто циркониумските коронки се подобри за стоматолошки импланти отколку титаниумските?

Во ова време на напредна технологија и висококвалитетни материјали, скоро совршено можеме да имитираме природен заб и естетски и функционално, користејќи циркониум керамички коронки. Најзначајна особина за квалитетот на циркониумските коронки е што со нив се постигнува естетика, и затоа тие се одличен избор за сите пациенти кои сакаат да имаат убава насмевка.

  • Циркониумските коронки во споредба со металните, коишто се изработуваат од повеќе материјали како што се легури на злато, други легури и легури на никел-титаниум, имаат многу подобра естетика; тие им даваат на забите природна боја, транспарентност и природен изглед.
  • Исто така, циркониумските коронки се многу посилни и поиздржливи во споредба со метал керамичките коронки.
  • Циркониумските коронки се соодветни за сите заби, особено за предните заби, каде што притисокот при џвакање е поголем. Поради нивната естетски карактеристики, циркониумските коронки се подобар избор за предните заби отколку метал керамичките коронки.

1. Циркониумски наспроти порцелански коронки

  • Циркониумската коронка е подобар избор во споредба со тие изработени од други материјали поради нејзините бројни предности.
  • За разлика од круната со циркониумската коронка, порцеланската коронка не е толку силна, издржлива и долготрајна.
  • Исто така, кога зборуваме за естетика, циркониумската коронка е многу подобро естетско решение затоа што им дава на забите природна боја и природен изглед.

2. Циркониумски коронки наспроти Emax (Литиум дисиликат)

Цирконимската коронка за разлика од Emax (Литиум дисиликат) забните коронки е поцврста, посилна и е потрајна. Кога се обработува цирконииумот, неговата површина се полираа толку многу, што се постигнува совршено мазна површина. Исто така, циркониумот ја одржува својата анатомска форма. Емакс (литиум дисиликат) е материјал со помала цврстина и затоа се употребува за максимална естетика и убавина на предните заби.
Бидејќи циркониумот како материјал е исклучително цврст, може да биде тенок, што значи дека стоматологот може да биде поконзервативен во подготовителните интервенции, што значи поголем дел од масата на природните заби на пациентот ќе се задржи при процесот.
Емакс (литиум дисиликат) е материјал кој треба да биде изработен и поставен на самото место, додека циркониумот може да биде конвенционално зацементиран што го прави процесот значително полесен.
Еден од недостатоците на циркониумот како материјал е тоа што не е сосем проѕирен. Емакс (литиум дисиликат) е многу попроѕирен материјал, такашто забите имаат многу поприроден изглед.

3. Циркониумски коронки наспроти керамички

Циркониумската коронка е различна од керамичката по својата цврстина; циркониимот е многу подобар материјал. И покрај тоа што циркониумските коронки имаат свои предности во повеќето случаи, понекогаш може да не се најдобар избор кога правиме мостови помеѓу одредени заби, а потребен ни е материјал со поголема еластичност.
Ронење на керамиката не може да се случи со монолитните циркониумски коронки бидејќи нема керамика којашто би можела да се срони.

Побарајте одговор и совет

Наша цел е да одговориме на вашите прашања навремено.