Запознајте нè
Стоматолошкиот центар д-р Баткоски обезбедува висококвалитетни стоматолошки услуги на пациентите во охридскиот регион и пошироко веќе повеќе од 25 години. Во центарот нашите лојални пациенти се чувствуваат удобно и добредојдено при секоја посета и го доживуваат како свој втор дом. Нашиот тим е секогаш посветен да обезбеди најдобра грижа за вашето стоматолошко здравје. Успехот што го постигнуваме несомнено се гледа и преку тоа што многу пациенти им ги препорачуваат нашите услуги на своето семејство и пријатели.

1. Наша мисија
За поздрави заби, убава насмевка и комуникација што ќе ви даде самодоверба и ќе ви помогне да се чувствувате посамоуверено во вашиот секојдневен живот, повелете во стоматолошкиот центар д-р Баткоски. Здравите заби и здравите непца го подобруваат вашето здравје, како и вашиот изглед. Д-р Баткоски стоматолошкиот центар е секогаш во чекор со современите трендови и иновации во стоматолошката медицина, се одликува со врвен професионализам и поседува капацитет да ви го понуди вистинскиот одговор за вашите потреби. Секогаш го следи патот на најдобрите и најновите методи и техники со пристапни цени, излегувајќи во пресрет на потребите и желбите на секој пациент посебно.
2. Опрема
Стоматолошкиот центар д-р Баткоски се состои од 6 комплетно опремени ординации од областа на ортодонтството, оралната хирургија, 3 од областа на стоматолошката медицина, рендгенски кабинет опремен со 3Д скенер, одделение специјализирано за производство на Invasilign исправувачи. Токму поради овие услови на нашите пациенти им се овозможува најдобро решение за нивните проблеми со забите, почнувајќи од основните, како што се чистење на забите и дијагностика, па сè до најсложените, како што се реставрација и интервенција.
Зошто да нѐ изберете нас
Затоа што секој од нас во Стоматолошкиот центар д-р Баткоски се стреми кон совршенство. Сите случаи ги засноваме на концептот на дизајнот Дигитална насмевка (Digital Smile Design). Ова е модерна постапка за планирање на забната рехабилитација која му овозможува на терапевтот темелно да го подготви процесот. Така, пациентот може да има вистински увид во она што ние ќе го постигнеме со изработката на протезите. Со помош на Digital Smile Design создаваме привремен изглед на новата насмевка на секој пациент.
0 Our Team
0 Happy clients
0 Years experience
0 Dental practices
Наша цел е да им обезбедиме врвно искуство на нашите пациенти
На нашиот пат кон совршенство, ние го збогатуваме животот на нашите пациенти со тоа што им ја враќаме насмевката на нивните лица и помагаме во процесот на создавање на нова личност. Пациентите ги споделуваат емоциите низ кои поминуваат на патот кон совршена насмевка со нас, што и нас нè прави среќни. Кога пациентите за прв пат го гледаат својот нов изглед, нивните емоции честопати се толку огромни што на очите им доаѓаат солзи. Во тие моменти споделуваме со нив искрено чувство на промена на животот на подобро, споделуваме емоции за подигнување на квалитетот на животот, споделуваме среќа. Затоа сме горди што сме ја избрале стоматологијата како наша професија.
Запознајте го нашиот тим
Стоматолозите кои работат во Стоматолошкиот центар д-р Баткоски имаат највисоки квалификации добиени од престижни стоматолошки универзитети. Секој од нив е специјалист во одредена област и сите работеле во странство за да се стекнат со меѓународно искуство. Никаде на друго место во Охрид нема да најдете таква концентрација на стоматолошка експертиза и извонредност. Останатите членови од нашиот тим се исто така сертифицирани и секоја од нив зборува англиски.
КОНТАКТИРАЈТЕ НЀ
Д-р Небојша Баткоски
Менаџер на стоматолошкиот центар
Д-р Кирил Мандулоски
Доктор по дентална медицина
Д-р Катерина Верушевска
Доктор по стоматологија
Д-р Владимир Новакоски
Доктор по стоматологија
Д-р Билјана Пецакова
Доктор по дентална хирургија
Љубица Деребанова
Дентален техничар
Тања Балалоска
Дентален асистент
Јана Србакоска
Дентален асистент