Гаранција

Гаранција за стоматолошките услуги

Во случај на грешка во лабораториската работа, Стоматолошкиот центар д-р Баткоски се согласува да ги покрие трошоците за авионско патување до и од Македонија (до вкупна вредност од 250,00 ЕУР) и хотелските трошоци за сместување за време на интервенцијата за корекција на пропустот (оброци / додатоци не се вклучени).

Стоматолошкиот центар д-р Баткоски е ЕДИНСТВЕН центар во Македонија којшто нуди ваква услуга како дел од Гаранцијата.

Гаранцијата важи за:

The guarantee applies as follows:

Импланти DITRON (само производот) 10 години
Коронки, мостови (привремените не се вклучени) 5 години
Инлеи/онлеи (привремените не се вклучени) 5 години
Emax фасети 3 години
Парцијални протези (привремените не се вклучени) 3 години
Over-Denturеs 1 година
Целосни протези 1 година
Композитни пломби 1 година

УСЛОВИ ЗА ГАРАНЦИЈА:

Корективна работа се прави доколку постои потреба. Секој случај се испитува и дискутира да започне каков било корективен зафат за пациентот. Откако пациентот ќе биде прегледан од стоматологот, тогаш одлучуваме дали третманот ги исполнува условите за гаранцијата. Пациентот мора да го извести својот агент од стоматолошкиот центар Д-р Баткоски пред да ја искористи гаранцијата. Доколку не го стори тоа, гаранцијата не е важечка.

Стоматолошкиот центар д-р Баткоски бара од пациентите да дојдат на контролен преглед во центарот барем еднаш годишно за време на гарантниот период (види погоре). Доколку тоа не е можно, пациентот треба да посети локален стоматолог за контролен преглед барем еднаш годишно за време на гарантниот период (види погоре). Мора да се направи ортопантографски рентген и да се добие писмен доказ (фактура / писмо од вашиот локален стоматолог), со кое се потврдува дека е извршен прегледот. Ако е потребно да ја искористите гаранцијата, неопходен е писмен доказ, рентгенска/и снимка/и и фотографии. Во случај на парадентозни проблеми, а особено после парадентоза, обично советуваме пациентот да оди на преглед најмалку 2-3 пати годишно.

Стоматолошкиот центар д-р Баткоски исто така ќе ги покрие сите неопходни трошоци за стоматолошки и лабораториски услоги во врска со корективната работа потребна за да се среди проблемот кој подлежи на гаранција. Во случај на мали прилагодувања, можете да користите услуги на стоматолог во вашата земја и да ја испратите сметката до Стоматолошкиот центар д-р Баткоски за надомест. Стоматолошкиот центар Др Баткоски дозволува максимум 100,00 ЕУР за поправки како што се повторно цементирање на коронки или подесување на протеза.

Стоматолошкиот центар д-р Баткоски не одговара за непредвидени интервенции на коренски канал, откако ќе се направи подготовка на заб/заби за коронки и/или мостови. Повремено, забите претрпуваат траума за време на подготовката за коронка и мост, што доведува до потреба за лекување на коренскиот канал потоа. Стоматолошкиот центар др Баткоски не одговара за никаков стоматолошки проблем што не бил видлив на рентгенот на пациентот и не можел да се предвиди за време на третманот во Стоматолошкиот центар д-р Баткоски.

Гаранцијата ќе се намали или поништи:

• доколку пациентот не доаѓа во Стоматолошкиот центар д-р Баткоски на преглед барем еднаш годишно во текот на гарантниот период, или не подлежи на преглед најмалку еднаш годишно во матичната земја со ортопантограф (панорамски) рентген и притоа да добие писмен доказ (фактура / писмо од локален стоматолог) дека е извршен годишниот контролен преглед.

• ако не се одржува оралната хигиена

• ако мобилните изработки како што се делумните или целосни протези не се чуваат и одржуваат правилно

• ако ткивото на непцата или коската природно се повлекуваат

• во случај на оштетување при незгода, на пример, протезата да се оштети при паѓање

• доколку пациентот изгуби или добие значителна количина тежина во краток временски период

• доколку пациентот изгуби или добие значителна количина тежина во краток временски период

• ако се појави заболување што има негативни ефекти врз забната состојба (на пример, дијабетес, епилепсија, остеопороза, последици од зрачење или хемотерапија)

• ако друг стоматолог извршил корективно или дополнително лекување без претходна согласност на стоматолошкиот центар Д-р Баткоски за стоматолошка работа што сте ја добиле во центарот д-р Баткоски

Годишен преглед
Пациентот мора да направи контролен преглед во рок од 12 месеци по завршувањето на последниот зафат, а потоа во рок од 12 месеци секоја година за времетраењето на гарантниот период.

Прегледи во Стоматолошкиот центар д-р Баткоски
Пациентот мора да контактира со својот агент во Центарот и мора да нè информира за какви било проблеми пред да резервира термин. Колку работни денови ќе се потребни ќе предложиме врз основа на овие информации. Ги молиме пациентите да закажуваат контролни прегледи во текот на втората половина од седмицата, од среда до петок.

Контролен преглед во матичната земја
Ако пациентот сака да направи контролен преглед во матичната земја , упатствата за тоа што мора да се спроведе се дадени подолу. Локалниот преглед треба по можност да го изврши еден од нашите партнери-стоматолози.

Список за контролен преглед:
– Да се направи ортопантографска снимка (или барем мала дигитална рендгенска снимка), а пациентот да добие копија, по можност, во дигитална форма. Ако не му се даваат снимки на пациентот , тие мора да бидат достапни подоцна на наше барање.
– Да се води евиденција за состојбата, за какви било проблеми и за извршената работа (чистење, корекција на протезата и друго). Пациентот мора да добие копија од овие белешки.
– Да се фотографираат видливите проблеми.
– Ако е сѐ е во ред, пациентот не треба да нѐ контактира.
– Доколку има какви и да е проблеми, пациентот е должен да нѐ извести и да ни ги достави снимките и евиденцијата.
– Доколку пациентот има потреба да се повика на гаранцијата, евиденцијата и снимките од локалниот стоматолог мора да ни бидат обезбедени пред пациентот да резервира термин.

Ако пациентот има направено интервенции кај локален стоматолог, не гарантираме дека ние ќе ги покриеме средствата, освен ако тоа не е договорено однапред. Проблемите коишто произлегуваат од интервенцијата на локален стоматолог може да ја поништат гаранцијата.

Побарајте одговор и совет

Наша цел е да одговориме на вашите прашања навремено.