Општа стоматологија

Општа стоматологија

Општата стоматологија е дел од медицината чијашто област е нарушеното или влошено орално здравје. Работата на стоматологот вклучува употреба на превентивна грижа и едукација за пациентите да се нафатат на третманот, а крајна цел е да се дојде до поздрава насмевка. Тие водат грижа и превентива за забите и непцата на пациентите, а секако, секогаш на прво место се потребите на пациентот.

Општ стоматолог студира и завршува универзитет со цел да се стекне со степен Доктор по орална хирургија или стоматологија. Потоа, тие мора да полагаат други специјализирани испити за да добијат натамошни различни звања. Овие лекари се занимаваат со општи проблеми со забите, и доколку пациентот има посложен стоматолошки поблем тие се консултираат со стоматолог специјалист. Тие се грижат за вадење заби, пломбирање, белење на забите итн.

Најдобро е кога пациентите редовно ги користат услугите на општата стоматологија за превентивна нега. Кога пациентите двапати годишно посетуваат стоматолог, може да се спречи појава на кариес.

Побарајте одговор и совет

Наша цел е да одговориме на вашите прашања навремено.