Клиника Др. Баткоски со освоено трето место во мал турнир во фудбал во Италија

Со проширувањето на денталниот туризам во Италија, денталниот центар станува се повеќе препознаен и од странските гости и посетители на градот. По тој повод, нашиот тим одлучи да земе учество во фудбалски турнир во Италија, поточно во Biella Gaglianico, каде меѓу 18-те пријавени екипи имавме и составен тим со логото на Др. Баткоски.

Турнирот се одржа на 26 јуни, со запазени протокли во однос на Covid-19. На самиот турнир, беше извршена и презентација на стоматолошкиот центар и услугите кои ги нудиме, со што италијаните кои беа присутни дознаа повеќе за Др. Баткоски.

Најинтересниот дел беше кога на крајот од турнирот, тимот на Др. Баткоски го освои третото место, и докажа уште еднаш дека со тимска работа и тимска игра на секое поле се достигнуваат успеси.