Топ 3 овошја кои се добри за забите

Овошјето и зеленчукот не само што позитивно влијаат на целокупното здравје, туку исто така добро влијаат и на забите! Всушност, одредени овошја може дури и да ги оштетат забите со киселините што ги содржат или со прекумерна количина на шеќер. Но, постојат некои овошја кои позитивно влијаат на целокупното орално здравје и имаат одличен вкус. Со често конзумирање на овие три овошја во вашата исхрана, можете да го подобрите оралното здравје.
Јаболка
Јадењето јаболка може да помогне да се исчистат забите и влијае добро против лошиот здив. Влакнестата содржина на јаболката ги чисти забите дејствувајќи како четка за заби и го чисти плакот од забите, отстранувајќи ги и другите остатоци од храна. Киселоста во јаболкото помага да се уништат лошите бактерии кои го предизвикуваат лошиот здив. Пожелно е јаболкото да го јадете неизлупено, бидејќи лушпата е полна со влакна, здрави за устата, што помагаат да се одржат чисти забите и непцата.

Киви
Киви честопати се сместува во група цитрусни овошја, но всушност тоа е во групата на „berry“ овошја. Кивите се богати со растителни влакна, и се преполни со калциум, кој се смета за стоматолошки супер минерал! Калциумот ги неутрализира штетните киселини и помага за зголемување на заштитата на емајлот.

Јагоди
Друг овошје полно со растителни влакна е јагодата. Тие се одлични за забите и непцата. Јагодите се полни со витамин Ц, кој му помага на вашето тело да произведе колаген – протеин од витално значење за одржување на цврстината на непцата. Половина чаша јагоди – помеѓу 4 и 6 – ќе ви даде околу 70% од дневните потреби за витамин Ц.
