Q&A: Што е тоа „забно трошење“ и како се третира?

Прашање: Што е тоа „забно трошење“ и како се третира?

Горан

Одговара: Д-р Викторија Ническа – Стоматолошки центар „Д-р Баткоски“

Забите се постојано изложени на различен степен на механичко оптеретување како и други влијанија кои произлегуваат од прехрамбените, функционалните и парафункционалните навики. Исто така, и системските фактори (болест, стрес) придонесуваат за појава на некариозни промени на забите. Овие лезии во литературата се нарекуваат „забно трошење”.  („tooth wear“).

Третманот на некариозните лезии се состои во откривање на причинителот за нивно настанување. Пожелни се превентивни мерки во однесувањето на пациентот, а тие се состојат во корегирање на некои лоши навики кои доведуваат до овие промени. Најчесто се тоа промени во начинот на исхрана, одржување на добра орална хигиена итн.

Доколку се работи за преголема чувствителност, се врши бондирање или премачкување на забите со флуориден лак или се препорачува паста за реминерализација на забите (Gc Tooth mousse), како и други флуоридни препарати. Доколку овие промени се во понапредната фаза се врши реставрација на дефектите на забите со пломби или целосно покривање на забите со коронки.