Во Охрид пристигна првиот супер модерен ласер за безболен стоматолошки третман во С. Македонија

Не го сакате звукот на машините во стоматолошките ординации? Ве плаши болниот третман? Заборавете на тоа. Од сега пациентите во Охрид ќе имаат можност да ги поправаат своите заби безболно по најнови светски методи со ласер, кој од денеска официјално е ставен во употреба во стоматолошката ординација „Д-р Баткоски“, која работи во склоп на здравствениот центар „Св. Ѓорѓија“.
Овој ласер (laser kavo key 3+) е единствен од таков вид во Македонија, кој овозможува поправање на заби без болка, но исто така се користи и за поставување импланти, операции, белење на заби и др. Со ласерот работи обучен тим лекари и медицински персонал, предводен од Д-р Небoјша Баткоски.
Пуштањето во употреба на супер модерниот ласер за безболен третман на заби во стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, се поклопува со одбележување на првата година од работењето на здравствениот комплекс „Св. Ѓорѓија“ во склоп на аптеката „Виа Фарм“.
Во првата година од работењето во склоп на комплексот, стоматолошкиот центар „Д-р. Баткоски“, привлече 3000 пациенти кои тука го избраа својот матичен стоматолог. Поставени се протези на 200 пациенти, а кај 100 се вградени импланти.
Оваа ординација е единствена во градот која вади матични клетки од млечни заби. На почетокот од годината во стоматолошката ординација „Д-р. Баткоски“ во функција е ставена сопствена заботехничка лабораторија со „кад-кам“ машина која ласерски обработува порцелански заби.
Аптеката „Виа Фарм“ која работи во склоп на здравствениот центар „Св. Ѓорѓија“ е една од 5-те од ланецот аптеки „Виа Фарм“. Таа нуди широк спектар на лекови , како и козметика и “Medicus help”-ортопедски помагала.