Q&A: Дали белеењето заби е штетно?

Прашање: Сакам да ги избелам моите заби, па ме интересира кој е најдобар начин и дали е белеењето штетно за моите заби?

Марија К.

Одговара: Д-р Билјана Пецакова – Стоматолошки центар „Д-р Баткоски“

Едно од најчесто поставуваните прашања е токму ова:  Дали е белеењето штетно? Наједноставниот одговор е Не! Многу студии покажаа дека оваа микроинвазивна стоматолошка интервенција не е штетна, особено методите што се користат под контрола на стоматолог! Новите производи за белеење на заби содржат флуоридни препарати, па затоа забите по белеењето се подобро минерализирани и поотпорни на кариес. Американската стоматолошка асоцијација го објави својот став во врска со ова прашање која вели: „Белеење на заби кое е направено од стоматолог во ординација или препорачано од страна на стоматолог да се прави дома, користење на реномирани производители на препарати за белеење, и под постојан надзор на квалификувани лица во релативно кратко време,  е апсолутно безбеден и ефикасен начин на белеење на заби“. Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ располага со најсовремениот ласер Beyond polus  за ласерско избелување на забите кое се прави во три сеанси од по 15 минути и се постигнува нијанса дури и до 7 пати побела од претходната.

Дали има несакани појави?

Како несакани појави кои се јавуваат се чувствителност на различни дразби (на ладно и слатко), кои се јавуваат кај 50% од пациентите. Во овие случаи се препорачуваат намалување на количините на ленти за избелување во домашни услови (наместо на секој – секој друг ден), намалување на концентрацијата на гел и белење на забите во неколку фази.

Колку долго се видливи резултатите од белеењето?

Трајноста на резултатите е строго индивидуална! Ние ги советуваме пациентите да избегнуваат пушење, пигментирана храна, кафе, чај, газирани пијалаци по белеење. Третманот може да се повтори секои 6-12 месеци ако е потребно, така што ја нагласуваме или ја одржуваме добиената боја.