Општествена одговорност: Саниран и повторно ставен во употреба мостот кај О.У. „Христо Узунов“

Со финансиска поддршка на Стоматолошкиот центар „Д- р Баткоски“ и хотел „Максимус“ реновиран и повторно ставен во употреба мостот на улицата „Питу Гули“, наменет за безбедно преминување на учениците кои доаѓаат на настава во училиштето. Од Стоматолошката ординација „ Д- р Баткоски“ и хотел „Максимус“ изјавија дека со задоволство ја поддржале санацијата на мостот, потенцирајќи дека безбедноста на учениците е на прво место.
Во изминатиот период сведоци бевме на сообраќајни незгоди во кои при преминување на улицата беа повредени неколку основци. Тоа беше и мотивот да се вклучиме во активностите за реновирање на мостот со цел да го користат што поголем број ученици. За да не дојде до негово повторно уништување и да не служи како собиралиште на млади луѓе со девијантно однесување, поставени се и врати кои ќе се отклучуваат и заклучуваат зависно од одвивањето на наставата во училиштето.
изјави Д-р. Небојша Баткоски
Од ординацијата „Д- р Баткоски“ и хотел „Максимус“ најавуваат продолжување на соработката со ОУ „Христо Узунов“. Во идниот период предвидено е и уредување на спортското игралиште во рамки на училиштето и набавка на нова спортска опрема.