Мали кариеси, големи проблеми

Сигурно ви се случило да ги погледнете своите заби во огледало и да забележите кафеави линии по површината кои ве загрижиле и ве потсетиле дека можеби е време за контрола кај вашиот стоматолог. Притоа вашиот стоматолог по прегледот утврдува дека тоа е комплетно здрав заб само лесно пребоен од пигменти кои секојдневно ги внесуваме со храната. Секојдневната пракса покажува дека без соодветна апаратура за испитување на веројатноста дека овие потемни места може всушност да бидат кариес, повеќето стоматолози секако би ги сведиле овие пребоени ареи на дамки кои не даваат никакви други симптоми и ризици.

Но дали тоа значи дека тие се навистина само тоа – длабоки вдлабнатини кои лесно се пребоиле? Или се работи за развивање на кариес под навидум здравата површина?

Со идеја да дадеме една нова перспектива на кариесот и невидливото да го направиме видливо, технологијата на утрешното време ви ја представуваме денес. Станува збор за т.н. ласерско откривање на кариес достапно само во нашиот стоматолошки центар “Др. Баткоски”. Многу важно е што оваа камера ги открива оние рани фази на кариесот пред тој да има можност да даде било какви симптоми.

Kavo Diagno Cam – диагностичкатa камера со сигурност ги открива кариесите во најраната фаза и ви овозможува поправање на забите со принципите на модерната, минимално инвазивна или како што велиме безболна стоматологија. Kavo Diagno Cam ги користи здравите забни структури како пренесувачи на флуоресцентната светлина која ја произведува самата камера. Во истиот момент ласерот ја пушта светлината, видео камерата го слика моментот на поминување на зракот низ забот и го пренесува на монитор, при што вашиот стоматолог и вие може во реална временска инстанца да ја гледате и што е најважно да ја разберете состојбата на вашите заби. Ваквиот уред може да открие кариес онаму каде нема видливо оштетување на површината, а кариесот е скриен и неможе да се почувствува со регуларно испитување со сонда.

Кои се предностите од ласерското откривање на кариесот?

Покрај секако откривањето и на наситните кариеси во нивната почетна фаза, алатката Diagno Cam ви ги нуди следните предности: Открива скриени кариеси во ареата на забните јамички, ги утврдува кариесите под стари пломби, го мониторира кариесот и неговиот равој, може да се зачуваат податоците и да се следи ситуацијата, ја отвора можноста за превентивно делување, не емитира штетно зрачење за разлика од рентген апаратите, конфорен, без болка и ја зголемува довербата на пациентот.

Третманот на раните кариеси подразбира избирање на методи на минимално инвазивна стоматологија каде се штеди забна супстанца, на тој начин се заштитуваат здравите делови на забот и се превенираат понатамошни компликации и лекување на забот, а пациентот заштедува пари за подолг временски интервал.

И на крај да појасниме, сите сме слушнале што е тоа кариес, но дали навистина знаеме? Воедно видовме дека и најмалите кариеси мора да бидат превентивно третирани и санирани, но што доколку одложуваме? Дали сме свесни кои се компликациите од нетретиран кариес?

Еве што се случува доколку кариесот се остави нетретиран:

  • Дисконфорт и болка – Забите зафатени со кариес може да предизвикаат нервоза, нелагодност па дури и болка. Болката може да биде со различна јачина, а сериозноста на болката зависи од развиеноста на кариесот.
  • Нарушување на естетиката – Кариозно распаднатите заби не се пријатни за гледањеи влијаат на естетскиот изглед и самоевалуацијата на секоја индивидуа.
  • Лош здив – Кариозно распаднатите заби оддаваат фетор односно непријатен здив од устата.
  • Медицински компликации – Покрај забната болка и лошиот изглед кариозните заби може да го зголемат ризикот од медицински компликации. На пример недостатокот на заби или скршени заби водат до лоша обработка на храната што го оптеретува желудникот. Големите дупки на забите се всушност инфекции кои може да се прошират на други органи и да предизвикаат и системска инфекција.
  • Нарушувања во зглобот и лицето – Кариозните заби може да го нарушат нормалниот загриз и правилното џвакање на храната што своевремено доведува до проблеми во зглобовите. Доколку боголем број од забите се кариозно распаднати тие се со променета форма, скратени, што може да повлијае на лицевите структури, односно до намалување на долната третина од лицето. Често оштетените заби може да се скршат или да испаднат што предизвикува поместување на соседните заби.
  • Забен Абсцес – Состојба која е резултат на подолго нетретиран кариес и означува ширење на инфекцијата кон меките делови на устата, всушност од забот инфекцијата се шири кон врвот на коренот и коската и меките делови предизвикувајќи голем оток.

И кога ги имаме сите факти за последиците од проширениот кариес, неслучајно би рекле, одберете го најдоброто за ваште заби, одберете правилна нега и редовни контролни прегледи, затоа што и најтешките компликации на забите некогаш биле само мали кариеси.