DSD план (Digital Smile Design)

DSD план (Digital Smile Design)

Покрај тоа што ни помага во прецизноста и предвидувањето на исходот, DSD нè приближува до нашите пациенти, ги релаксира кога доаѓаат во центарот и им дава јасен увид во целата терапија во однос на процедурата, како и точната временска рамка и финансискиот план.

Digital Smile Design (Дигиталниот дизајн на насмевката) предвидува како би требало да изгледа насмевката според параметрите на естетиката во дигитален формат што овозможува подобра комуникација лекар-техничар-пациент.

DSD планот вклучува интраорални фотографии на пациентот, коишто се прават во нашата ординација: фотографии од загриз, странични фотографии од загриз, фотографии од горната и долната површина на вилицата, изолирана горна и долна вилица. Исто така, се зема мера на одредени делови од горната и долната вилица, и тие мерки ни помагаат потоа да ја дизајнираме новата насмевка.

За да се спроведе интраоралниот протокол, пациентот се скенира, што значи дека се зема дигитален отпечаток од вилицата со интраоралниот скенер и се регистрира загризот. Овој метод на земање отпечаток е многу попријатен за пациентот; исто така е побрз и попрецизен од традиционалното земање отпечаток.

По интраоралниот протокол, се прават екстраорални фотографии и видео протокол во студиото. Во оваа етапа е важно снимањето на мимиките на лицето на пациентот и другите параметри на естетиката кои се неопходни при процесот на планирање.

Побарајте одговор и совет

Наша цел е да одговориме на вашите прашања навремено.