Раздвоени предни заби кај деца и тинејџери

Често пати во нашата ординација доаѓаат пациенти токму со ова прашање. Зошто се раздвоени предните заби на моето дете и дали може да се среди тоа? Раздвоеноста на предните заби е појава што се јавува и во период на млечна и во период на трајна дентиција. По направениот преглед, констатираме дека кај дечињата со таа проблематика има развиен френулум-фалта (FRENULUM LABII SUPERIOR).Тоа е набор од лигавицата на усната празнина и се наоѓа во средина на лицето веднаш под горната усна. Долниот припој на овој набор честопати се наоѓа на самиот алвеоларен гребен и не дозволува забите да израснат во саканата позиција при што се јавува растојание –  дијастема меѓу нив. Овој низок припој на наборот подоцна може да даде и пародонтални проблеми, па затоа е најдобро да се отстрани.

КАКО ГО ТРЕТИРАМЕ ОВОЈ ПРОБЛЕМ ВО НАШАТА ОРДИНАЦИЈА?

Во минатото овој проблем се решаваше орално хируршки под анестезија, односно со сечење на наборот и поставување на шавови и конци; постапка која трае подолго, со крварење, болка и отоци по интервенцијата, што за децата претставува голем стрес. Оваа интервенција изискува и повторна посета на докторот кој треба да ги извади конците кои се поставени по отстранувањето, што за децата би претставувал уште еден стрес и повторно соочување со болка, крварење и страв.

Но, во нашата ординација целата оваа постапка ја правиме ласерски; кратка постапка со мала доза на локална анестезија. Со ласерот вршиме сечење (отстранување) на наборот и во исто време зацелување на раната без крварење и без болка, без поставување конци. По самиот третман дечињата си заминуваат дома без никакви тегоби и што е најважно, без потреба пак да доаѓаат во нашата ординација за отстранување конци.

Доколку се соочувате со истиот овој проблем, Ве очекуваме во нашата ординација.

д-р Катерина Цаноска Верушевска доктор по општа стоматологија Стоматолошки центар „Д-р Баткоски“