OhridNews ги прогласи најуспешните приказни за 2014 година и промовираше годишна ревија

Хронолошки преглед на позначајните случувања и настани во Охрид во 2014 година, се дел од првата годишна ревија на најпосетуваниот интернет портал во регионот OhridNews, која беше промовирана вчеравечер на пригодна севеченост во кафе барот „Cuba Libre“.

Освен поважните дневни теми и настани, во ревијата се поместени и дел од текстовите кои биле најчитани на порталот OhridNews, како и неколку стории за успешни приказни кои ја одбележаа 2014 година.

Желба ни е сето ова да прерасне во традиција и затоа упатуваме голема благодарност до сите што го поддржаа овој проект и што веруваат во објективноста и професионалноста на нашиот медиум, кој веќе деветта година ужива најголема доверба кај читателите. Оваа хронологија на поважните настани во 2014, која наскоро ќе добие и електронска варзија, е празничен подарок за сите нив. 



рече во своето обраќање пред присутните Горан Момироски, главен и одговорен уредник на OhridNews

Во рамки на промоцијата беа прогласени најуспешните приказни за 2014 година во избор на редакцијата на OhridNews и им беа врачени пригодни признанија.

Признанието за Најуспешна бизнис приказна за 2014 година му припадна на најголемиот производител на леб и бели печива во регионот, АД „Жито Леб“, Охрид.