Нова група италијани го посетија стоматолошкиот центар

Неодамна, нова група пациенти од Италија пристигнаа во Охрид. Италијанскиот пазар, задоволен од денталниот туризам во организација на стоматолошки центар Др. Баткоски, се повеќе има доверба и верува во квалитетот и работата на докторите од нашата ординација.

Дел од задоволните пациенти ќе ви ги претставиме во оваа статија…

Широката насмевка и позитивна енергија на Alessandra Elisabetta Siddi од Quaregnia (Biella/Italy) си го подигна пакетот Clear Aligners by Dr. Batkoski. Доктор Владимир направи целосна анализа на нејзиниот случај и ја испрати Alessandra со корисни совети и широка насмевка.

Нашиот центар веќе е надалеку препознатлив по имплантологијата. Следен пациент кој стави Ditron импланти е Antonio Di Sarno од Biella/Italy. Покрај него, импланти стави и Lucia Di Maddalena исто така од Biella/Italy.

Elisa Bincoletto од Cosato/Lessona/Italy им се препушти на вештите раце на нашиот тим и стави мост и коронки.
Најмладата пациентка од оваа група беше Arianna Ruffino од Cosato/Lessona/Italy, која стави миобрејс протеза и пломбирање неколку заби.

На Roberto Morena од Torino/Italy нашите доктори му направија целосна анализа на забите и за еден месец ќе дојде повторно во нашиот стоматолошки центар за понатамошна работа и креирање на финална насмевка…

Ова се само дел од пациентите. Инаку вкупно 19 пациенти од оваа група си заминаа со позитивна енергија и насмевки, задоволни од услугите и организацијата на нашиот стоматолошки центар, и задоволни од убавините на градот Охрид и можностите кои ги нуди.

Др. Баткоски на сите нив ги изненади со подарок маици како изненадување за соработката и гостопримството. Маиците беа дизајнирани со специјална порака која ги спојува овие две нации – македонската и италијанската…