Како чувањето на оралното здравје ни помага да го зачуваме целокупното наше здравје?

Многу малку луѓе успеваат да ја сфатат поврзаноста помеѓу здравјето во усната шуплина со општото здравје на целиот организам. Имено, состојбата на забите и непцата може да влијае и на целиот организам и да направи разлика, било да е во позитивна или негативна смисла. Всушност кога еднаш ќе ги разберете сите начини на кои оралното здравје влијае на општата ваша состојба, можеби ќе помислите: “Време е веднаш да го посетам својот стоматолог”.

Оралното здравје и дијабесеот

Доколку имате дијабетес, вашето орално здравје е дури поважно во споредба со останатите луѓе. Воспалението на непцата негативно влијае на нивото на шеќер во крвта, што е дополнителен проблем кај индивидуи заболени од дијабетес. Исто така дијабетесот, кој влијае на малите крвни садови, го отежнува зараснувањето на раната по вадење на заб, при што најнеопходно е навремено лекување на забите, како не би дошло до вадење на заби и ризик од дополнителни супер инфекции.

Оралното здравје и кардио-васкуларните заболувања

Периодонталните заболувања (заболувања на непцето и коската во устата) го зголемува ризкот од срцеви заболувања, излив, инфаркт. Исто така се теоретизира дека наслагите на забите и бактериите кои живеат во нив наоѓаат пат до крвотокот, формират депозити на ѕидовитена артериите и може да предизвикаат згрутчување на крвта.

Оралното здравје и белите дробови

Доколку нивото на лошите бактерии кои предизвикуваат сериозно воспаление на непцата, се зголеми, може да се зголеми и ризикот од сериозни проблеми со белите дробови. Како всушност се одвива таа спрега? Кога дишеме бактериите од устата имаат слободен пат до нашите бели дробови. Како резултат на тоа во моменти на пониска одбрана на нашиот имунитет, може да искусиме иритација и воспаление на дишните патишта и белите дробови.

Здравјето на јазикот и бактериите

Сигурно веќе некаде се имате запознаено со фактот дека јазикт е подеднакво , ако не и подобра подлога за бактерии од самите заби. Четкањето на јазикот станува задолжителен чекор при одржувањето на секојдневната хигиена во устата. Со тоа освен што ќе го одстраните непријатниот мирис во устата, ќе ги одстраните и насобраните бактерии и ќе спречите нивно ширење кон остатокот од телото.

Одржувањето на здравјето во устата , не само што ќе ве држи понастана од губење на забите, и покомплицирани стоматолошки зафати на истите, туку и ќе ви помогне во зачувувањето на општото здравје. Одржувањето на здравјето на забите, непцата, јазикот не подразбира само регуларно миење на забите. Најдете време и два пати во годината посетете стоматолог за целосен орален преглед, влог вреден за Вашето здравје.