За посреќно детство – 2013

Младите се едуцираа за оралната хигиена, ги запознаа ракотворбите, се натпреваруваа и наградуваа
Денеска на градскиот плоштад во Охрид, општинскиот Црвен крст по петти пат ја реализира традиционалната, хуманитарна спортско-рекреативна акција “За посреќно детство”, која веќе две години се оддржува во соработка со здравствениот комплекс „Св.Ѓорѓија“ – Стоматолошки центар „Д-р Баткоски“.

Претседателот на Црвениот крст Охрид, Сашо Точков, истакна дека настанот добива епитет на едукативна акција благодарение на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.
Младите и сите оние кои имаат потреба можат да се едуцираат и консултираат со стручните лица од Стоматолшката ордиинација „Д-р Баткоски“ околу оралната хигиена и здравјето на забите. Тука се и голем број луѓе од занаетчиството кои со помош на Регионалната занаетчиска комора Охрид на младите им ги презентираа своите традиционални изработки.
истакна Точков
На настанот беа презентирани и голем број програми кои се реализираат во рамките на општинскиот Црвен крст.
Денеска имаме презентација на нашите програми, како што е детски час за приказни кој го работиме веќе 6 години. Тука е програмата „Бреинбреин“, како и голем број забавни содржини. Сакам јавно да им заблагодарам на сите спонзори кои ја помогнаа оваа акција и обезбедија награди. Тоа се Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ и „Свислион“ кои секоја година се наши партнери.
додаде Точков
Оваа година акцијата беше збогатена со мобилната стоматолошка ординација, каде стручните лица од здравствениот комплекс „Св.Ѓорѓија“ – Стоматолошки центар „Д-р Баткоски“, извршија превентивни прегледи на најмладата популација.
Прегледите ги вршиме со интраорална камера, со чија помош ќе ги гледаме запчината и ќе утврдиме какво е нивото на хигиената во устата. За секое наше пацинетче ќе даваме наше мислење, а најмладите ќе добијат четка за заби од „CURAPROX“ за да можат подобро да ја оддржуваат оралната хигиена.
изјави Д-р. Небојша Баткоски од Стоматолошкиот центар „Д-р. Баткоски“
Тој додаде дека нивото на орална хигиена во земјава е се уште на ниско ниво, но преку овие акции се цели кон зголемување на јавната свест околу оралното здравје.
Сакаме да ја зголемиме свеста кај населението, посебно на младите родители, за да можат своите деца уште од најрана возраст да ги носат кај стоматолозите со цел да се зачува оралното здравје и нивото на орална хигиена. Во иднина, со сите наши можности ќе ги поддржуваме сите вакви хумантирани акции.
додава Д-р. Баткоски
Инаку, акцијата „За посреќно детство“ има за цел промовирање на спортскиот дух меѓу младите преку нивно учество во различни спортско-рекреативни содржини, како и подигање на свеста кај нашите сограѓани за солидарност, хуманост и пружање на потребната помош на оние кои се соочуваат со социјални или здравствени потешкотии.