Почувствувајте ја магијата на естетската стоматологија

Очите се можеби огледало на душата, но насмевката е всушност она првото што луѓето го забележуваат на вас и се огледало на вашата личност. Судејќи по здравјето на ваште заби многумина ќе го изградат првиот впечаток за вас. Моќта на насмевката е голема и не смеете да ја подцените нејзината важност. Убавата насмевка ќе направи да бидете попријатни, попријателски расположени и посамоуверени.

Токму заради сите овие факти и потенцирањето на самосвесноста кај современиот човек, барањата од нас стоматолозите се искачи на високо ниво. Во современата стоматологија постои термин – smile makeover, кој ги опфаќа сите потребни процедури од стоматолошкиот третман се до постигнувањето на посакуваниот ефект. Овој термин и овие постапки би можеле да ги преведиме уште како – преуредување на насмевката.

Подобрувањето на здравјето и изгледот на вашите заби е можеби најдобрата инвестиција која што би можеле да си ја дозволите. Секако секој од нас е различен и не постои шаблон при избирањето на третмани при вашиот makeover. Планот на третман се први исклучиво по индивидуалната ситуација и всушност може да вклучи само еден третман, како што е ласерското белење на забите, едноставно зголемување на забите преку ласерско сечење на околното непце или мала корекција на откршени делови на предните заби со естетски пломби наречена бондинг техника. При комплетен smile makeover кај некои пациенти потребно е да се отпочне со ортодонска терапија, односно аплицирање на фиксен апарат за исправување на забите, или во поново време специјални естетски протези во вид на гумена навлака преку забите за решавање на поситни неправилности.

Доколку вашите заби се скршени, тешко пребоени, со големи кариеси и пломби или неправилно подредени, тогаш можеби сте кандидат за поставување на ламинати или коронки на забите.

Ламинатите се ултра тенки лушпи од порцелан, кои се поставуваат на предната страна на забите и при тоа истата само минимално се состружува. Доколку пак забите се премногу оштетени, со обемни пломби, подлабоко скршени или се мртви и постои ризик од нивно кршење, може да ги третираме со коронки или мостови. Во време на технички напредок, CAD-CAM компутерската изработка на заби ја означи новата ера во стоматологијата. Естетските коронки кои се комјутерски изработени воопшто немаат метал, кој успешно се заменува со Zirconium – минерал со голема цврстина, а истовремено естетски и здрав за организмот.

Забите кои недостигаат или се оштетени над можностите за репарација, можете успешно да ги замените со забни импланти, без притоа да ги оштетувате соседните здрави заби.

Единствено поважно од изгледот на насмевката е здравјето на вашата уста. Затоа пред било каков естетски третман, ние како стоматолози инсистираме на лекување на забите и создавање на здрави темели врз кои ќе ја градиме вашата нова насмевка.