Др. Баткоски на светската ортодонтска конференција AEEDC Dubai 2021 година

Dubai World Trade Centre, UAE 29 June – 01 July, 2021
Меѓународна стоматолошка конференција на ОАЕ и Арапскиот дентален саем – AEEDC Дубаи со право ја освоија највисоката глобална дистинкција да станат „Најголема годишна научна стоматолошка конференција и саем во светот“.

За последните 24 години, AEEDC Дубаи е светски признат саем за ширење на знаење и референтна точка за стоматолошки експерти, академици и професионалци од индустријата од целиот регион од сите страни на светот. Од своето основање во 1996 година, AEEDC Дубаи постојано расте заедно со растечкиот статус на Дубаи како водечка дестинација за здравствена заштита и клучен научен центар во регионот и пошироко.
Фасцинантното развивање на AEEDC Dubai во последните 2.5 децении, започна со мали скромни почетоци а денес го достига врвот на успехот!
Со ваква богата репутација, AEEDC Дубаи продолжува по својот пат кон успехот. 50-годишнината од ОАЕ паѓа во 2021 година, одбележувајќи 50 години од историското раѓање на унијата и основањето на Обединетите Арапски Емирати.
Во своето 6-то издание, Светската конференција за ортодонција АЕЕДЦ во Дубаи, содржи богата научна програма, е специјално дизајнирана да ги задоволи и надополни обновените теми и нови откритија во ортодонцијата. Конференцијата нуди силна платформа за говорниците да ги споделат своите уникатни согледувања, истражувачка работа и клинички искуства. Во текот на 2 дена, конференцијата има обемна програма што опфаќа:
- Интердисциплинарен менаџмент
- Дигитална ортодонција
- Clear Aligners ретејнери
- Лингвална ортодонција
и други теми…
Др. Баткоски, како еден од водечките дентални центри со најсовремена технологија, дел од оваа конференција, во чекор со најновите достигнувања и водечка технологија на овој саем.