Имате осетливи заби? Обрнете внимание, во зима може да стане полошо!

Секоја наредна година исто, опаѓање на температурите, скратување на денот и наговестување за најстудениот период во годината. Со надоаѓањето на зимата секој однас има по некој ритуал со кој се подготвува за пречек на овој романтичен, но и многу студен зимски период. Како и да е еден неизбежен сегмент од вашите подготовки нека биде и посета на вашиот стоматолог, особено доколку сте прескокнале некои од регуларните термини за чистење и контрола на вашите заби, еве и зошто.

Особено во овој студен период од годината неретка е појавата на чувствителни заби кои на вашата последна контрола се укажале како комплетно здрави. 

Имено, постојат голем број причини токму за појавата на сензитивност на ладно:

  • Со пресилно четкање, грубо чистење на забите со конец или некои навики како ноќно чкрипење со забите во стресни периоди( бруксизам) може да си предизвикате повлекувањена непцата(рецесија), вака повлечените непца го експонираат забниот корен кој не е толерантен на температурни промени како видливите делови на забот и вие ќе чувствувате секавична болка при допир на вратот на забот или при консумирање на ладна храна.
  • Кога зборуваме за орално здравје, многумина ќе помислат единствено околу грижата за своите заби. Но, тоа е погрешен концепт. Грижата за непцата и ткивото околу забот е подеднакво важна, но подценета во текот на нашите дневни рутини. Здравјето на непцата е поврзано со здравјето на коската, па така доколку инфекцијата се прошири на коската, се појавува коскен губиток и празни простори околу забите( џебови), кои од едната страна се ограничени со отечените и воспалени непца, а од внатрешната страна со површинатана коренот на забот, кој е многу осетлив на ладни сензации. Затоа не е чудно комплетно здрави заби да болат. Обрнете внимание на здравјето на вашите непца, доколку се црвени, болни на допир и лесно крварат, посетете не за професионална грижа и понатамошни инструкции како да се справите со оваа болест.
  • Осетливост на ладно може да се јави и доколку има дефекти на видливите делови на забите како пукнатини или доколку постојат поткршени делови од забите.
  • Причини за осетливост на ладно директно од самиот заб може да бидат пукнати или поткршени пломби. Низ ваквите пукнатини лесно навлегува ладната вода која ја пиете. Колку подлабока е пломбата толку поблиску до нервот на забот доаѓа дразбата па во зима дури и воздухот што го дишете може да биде непријатен.

Како да си помогнете?

Можеби имате чувство како да сте заглавени со забната чувствителност и оваа зима, но не е така. Докторскиот тим во стоматолошкиот центар “Др. Баткоски” ќе се обиде да помогне, дискутирајте за вашиот проблем, добијте целосен третман за чистење на забите и потребното снимање како би се поставила дијагноза и би се одредил дефинитивен третман. Дознајте дали е потребно заменување на старите пломби,надоградување на скршениот заб, а можеби потребно е и лекување на забот.

Проблемот со непцата ќе бара подетален пародонтолошки и ласерски третман, можеби едноставно флуорирање на забите или премачкување на оголените делови со специјални лакови ќе биде од помош. Кај некои пациенти сосема доволно се укажало користење на пасти за миење кои се специјално наменети за осетливи заби. Како и да е не го премолчувајте својот проблем, побарајте не за решение и уживајте во снежниот период.