ИНТРАОРАЛНА РЕНДГЕНСКА ДИЈАГНОСТИКА
Со желба да дадеме нова перспектива на кариесот и да го направиме невидливото видливо, ви ја претставуваме технологијата на иднината денес. Станува збор за таканаречено ласерско откривање на кариесот, достапно само во нашиот стоматолошки центар „Д-р Баткоски“. Многу е важно дека оваа камера ги открива раните фази на кариесот пред да има можност да даде какви било симптоми. Дијагностичката камера Kavo Diagno Cam сигурно го открива кариесот во најраната фаза и ви овозможува да ги исправите забите со принципите на модерната, минимално инвазивна или како што велиме безболна стоматологија. Kavo Diagno Cam користи здрави забни структури како флуоресцентни светлосни предаватели произведени од самата камера. Во истиот момент ласерот ја ослободува светлината, видео камерата го снима моментот кога зракот поминува низ забот и го пренесува на мониторот, па стоматологот, а и вие може да го видите во реално време и што е поважно да ја констатирате состојбата на вашиот заб. Овој уред може да открие кариес каде нема очигледно оштетување на површината, а кариесот е скриен и не може да се почувствува или види преку преглед со сонда.
Кои се предностите на ласерското откривањето на кариесот?
Покрај тоа што го открива кариесот во почетна фаза, алатката Diagnocam ви ги нуди следниве придобивки:
- Утврдува дијагноза дури и за најмала област
- Може да се дијагностицира кариес дури и под стари пломби.
- Може да се следи кариесот и неговиот развој, податоците може да се чуваат и да се следат состојбите
- Нуди минимално инвазивен третман
- Се зачувува поголем дел здрава забна маса
- Отвора можност за превентивно дејство
- Нема штетно зрачење за разлика од рендгенските апарати
- Сигурно, без болка и ја зголемува довербата на пациентот
- Третманот на раниот кариес подразбира избор на методи на минимално инвазивна стоматологија каде се настојува да се зачува што е можно повеќе забна маса со што се заштитуваат здравите делови на забот и се спречуваат понатамошни компликации и дополнителни интервеции, а пациентот заштедува пари на подолг временски интервал.

Побарајте одговор и совет
Наша цел е да одговориме на вашите прашања навремено.