Аполо Ди интраорален скенер
Аполо Ди од компанијата Сирона е најновиот дигитален модел на интраорален скенер, којшто во споредба со досегашните дава најголема прецизност. Сликата добиена со интраоралниот скенер се претвора во виртуелен 3Д-модел во реално време и се испраќа до стоматолошката лабораторија што го скратува времето потребно за подготовка, и што е уште поважно, без непријатното искуство на кое пациентот беше подложен при класичното земање отпечаток.
Предностите на овие уреди се рефлектираат во:
- нова прецизност
- лесна употреба
- компатибилност
- прифатливо за пациентите
- можноста за директна комуникација
Квалитетот на дигиталниот отпечаток има одлучувачко влијание врз прецизноста и естетиката на финалниот производ – вашите нови заби. Со скенерот, можноста за грешка е сведена на минимум, така што се избегнуваат дополнителни тестови и корекции при изработката кои се вообичаени со класичното печатење.

Побарајте одговор и совет
Наша цел е да одговориме на вашите прашања навремено.