Бременост и локални анестезии при посета на стоматолог – кога и како?

Бременоста не е заболување туку нормална состојба на женското тело. И покрај тоа, неопходно е специјално внимание при изведба на денталното лекување. Бременоста предизвикува значителни анатомски и физиолошки промени поврзани со телото на мајката. Голем дел од бремените жени имаат потреба од стоматолошко лекување поради високиот ризик од развивање на забен кариес и други орални заболувања за време на бременоста.
Сите лекови кои ги прима мајката за време на бременоста имаат вијание и на плодот. Во зависност од видот на лековите и етапата од бременоста, дејството на лековите врз мајката и врз плодот може да варира. Еден од лековите што се користат за време на денталниот третман се анестетиците. Локалните анестетици се најшироко користените лекови при денталното лечење. Поради тоа важно е да се одберат правилните анестетици.
Највисок ризик за бебето се забележува во текот на првите три месеци од бременоста, бидејќи секоја интервенција која води до хипоксија може да има значаен ефект врз ембрионот или да е причина за спонтан абортус. Следствено, во текот на првото тримесечие секоја хируршка процедура кај бремена жена која претходно имала спонтан абортус треба да се избегнува. Ако и покрај тоа специфичниот случај наложува (на пр. еден остар дентоалвеоларен апсцес) пациентот се третира по консултација со гинеколог.
За време на второто тримесечие кај пациентки без анамнеза за проблеми може да се извршува екстракција на заби ако се работи атрауматично, безболно. За време на третото тримесечие секоја дентална процедура треба да се избегнува зашто има опасност од абортус или породување во стоматолошката ординација.
САД имаат изработено класификационен систем, кој ги класифицира лековите според нивниот ризик. Лекарствата во категоријата А и Б се оние што не претставуваат опасност кај луѓето. Категориите А и Б се разликуваат по тоа дали е лекот тестиран врз луѓе или не. Лекарствата чиј тератоген ризик не може да биде елиминиран, се класифицираат во категоријата В. Категоријата Д вклучува лекарства со позитивни докази за ризик кај човечкиот фетус. Лекарства од категоријата Х не се препорачуваат на бремени жени или на жени што пробуваат да забременат.
Лидокаинот, кој е најчесто користениот локален анестетик за време на стоматолошките процедури е во категоријата Б и се оценува дека нема никаков значаен ефект врз мајката и врз плодот. Артикаинот е друг анестетик препорачлив за употреба за време на бременост и тој е од категоријата Ц. За време на бременост се избегнуваат анестетици со вазоконстриктор како што е адреналинот. Се избегнуваат амидните анестетици: мепивакаин, бупивакаин и прилокаин кои преминуваат преку фетоплацентарната бариера.
За време на бременост треба да се следат следните препораки при дентални манипулации: да се изведуваат само оние оперативни зафати кои не можат да бидат одложени; да се избегнуваат рентгенографиите, освен при витални индикации – само сегментална снимка кога се користи заштитна облека; по 5. месец третманот да се спроведува само во легната положба; лекувањето да се планира во попладневните часови поради утринските мачнини; лекарства да се препишуваат само при строги индикации; да се избегнува стрес за време на лекувањето; да се внимава со употребата на адреналин.
Пишува:
д-р Кирил Мандулоски
доктор по дентална медицина
Стоматолошки центар „Д-р Баткоски“