5 факти за фиксните протези кај возрасна особа

1. Ставањето протези кај возрасен е на истиот начин како и кај помлади особи
Вашите заби можат да се поместуваат на било која возраст, се додека Вашите заби и непца се здрави. Единствената разлика е тоа што кај возрасните особи, можат да произлезат повеќе потешкотии во третманот отколку кај децата. Тоа е така бидејќи особата може да има некои недостатоци како периодонтални заболувања, губиток на заби, или некој незавршен проблем од претходно.

2. Ставањето протези кај возрасен бара промени во начинот на исхрана
Кога ќе ставите протези, мора да избегнувате тврда храна која може да ги оштети протезите. Овие ограничувања се должат на растеглива, крцкава, леплива и тврда храна. (карамели, јаткасти плодови, јаболка…).

3. Убава насмевка со рамни заби може позитивно да влијае на вашата кариера
Вашата насмевка, можеби дирекно нема да влијае на вашиот успех, но самодовербата ќе ви отвори нови врати. Посетата кај специјалист ортодонт ќе ви помогне да ја добиете посакуваната насмевка.

4. Треба да одвоите време за контроли
Вашиот ортодонт ќе ви каже на колку време треба да доаѓате на контрола. Времето на носење на протезите зависи од комплицираноста на случајот.

5. Протезите можат да ве поштедат од други идни дентални проблеми
Ортодонтите не се загрижени само за исправување на вашите заби. Тие исто така сакаат да се осигураат дека вашиот загриз ќе биде правилен со завршување на третманот, без да предизвика дополнителни дентални проблеми.
