Белење на заби
Кој не сака убава и бела насмевка? Постојат многу различни видови на производи што се користат за белење на забите: гелови, креми, пасти итн. Белењето е само за оние кои имаат целосно здрави заби и непца.
ПРИДОБИВКИ НА ЛАСЕРСКОТО БЕЛЕЊЕ НА ЗАБИТЕ
- Процедурата е неинвазивна
- Веднаш видливи резултати
- Долготрајни резултати
- Брза и безболна постапка
- Многу ефикасен метод
- Ласерското белење е безбедно
- Ја зголемува вашата самодоверба
Дали белењето на забите е трајно?
Белењето на забите не е трајно. Може да трае од неколку месеци до 3 години – варира од личност до личност. Резултатите ќе бидат помалку долготрајни ако пушите или пиете црвено вино, чај или кафе, коишто можат да ги обојат забите.
Дали ласерското белење на забите е опасно?
Нема никакви последици од ласерското избелување на забите. Тоа е безбедно, нежно и се прави со стручен надзор. Наспроти тоа, несоодветните производи за избелување, коишто можете сами да ги набавите и коишто се користат дома, можат да бидат премногу абразивни и можат да предизвикаат оштетување на глеѓта. Белењето на забите пожелно е да го изврши професионалец, специјалист за избелување на забите.
Дали ласерското белење на забите ги оштетува забите?
Ласерското белење на заби не предизвикува оштетување на забите и е безбедна и одржлива опција дури и за луѓе кои имаат чувствителни заби. Поради неинвазивноста, луѓето кои најчесто се плашат од одење на забар повеќе не мора да бидат загрижени.
Побарајте одговор и совет
Наша цел е да одговориме на вашите прашања навремено.