Рецесија (повлекување) на непцата

Рецесија (повлекување) на непцата

Рецесија на непцата е губење на ткивото на непцата по должината на нивната линија. Рецесија на непцата може да се случи поради парадентозни заболувања како гингивит, периодонтит и напреден периодонтит. До оваа состојба може да дојде и поради прегрубо четкање на забите, четкање со четка за заби со тврди влакна, или само заради природниот процес на стареење на вашето тело.

Коренот на забите којшто е изложен поради рецесијата на непцата може да биде чувствителен и на ладно и на топло. Рецесијата на непцата понекогаш може да предизвика посериозни здравствени проблеми дури и губење на забите.

Побарајте одговор и совет

Наша цел е да одговориме на вашите прашања навремено.