Орална хирургија
Кога стоматологот ќе спомне „орална хирургија“ многу пациенти почнуваат да паничат. Тие најчесто помислуваат дека имаат некој сериозен и тежок проблем поради којшто треба да се соочат со опасна, болна и скапа процедура.
Вистината е, меѓутоа, дека многу интервенции во оралната хирургија се вообичаени и се однесуваат на состојби со коишто се соочуваат многу луѓе, како што се проблеми со умниците, ноќна апнеја или губење на заб. Иако секој случај е различен, сепак може да се рече дека голем дел од овие случаи се третираат амбулантски, а пациентите можат да продолжат со работа или нормални активности во рок од неколку дена.
Што е орална хирургија?
Специјалноста на оралната хирургија е да се занимава со дијагностицирање и справување со патологија на устата и вилицата што бара хируршка интервенција. Оралната хирургија вклучува третман на деца, адолесценти и возрасни и работа со пациенти коишто се анксиозни кога одат на забар како и медицински комплексни случаи.
Побарајте одговор и совет
Наша цел е да одговориме на вашите прашања навремено.