Sinus Lift

Sinus Lift

Горната задна вилица отсекогаш претставувала еден од најтешките делови за успешно вградување на забни импланти заради недоволна количина и квалитет на коските и близината на синусите. Ако сте изгубиле коска во тој дел поради пародонтално заболување или губење на забите, може да се соочите со недостаток на коскена маса за вградување на импланти. Операцијата Sinus Lift (подигнување на синусите) може да помогне да се среди овој проблем со подигање на долниот дел на синусот и развој на коска за вградување на забни импланти.
Што претставува Sinus Lift?
Sinus Lift е операција при којашто се додава коска на горната вилица во пределот на катниците и премоларите. Оваа интервенција понекогаш се нарекува зголемување на синусот. Коската се додава помеѓу вилицата и максиларните синуси, кои се на двете страни на носот. За да се направи простор за коската, мембраната на синусите треба да се помести нагоре или да се „подигне“. Sinus Lift обично се прави од страна на специјалист, орален и максилофацијален хирург или периодонтолог.
Овие интервенции станаа вообичаени во последните 15 години бидејќи сѐ повеќе луѓе вградуваат импланти за да ги надоместат изгубените заби.

sinus-lift

Поставете прашања и добијте одговори

Наша цел е да одговориме на сите ваши прашања навремено.