All-on-6 дентални импланти
Кога станува збор за совршена насмевка, во нашата клиника нема компромис. Сметаме дека насмевката е најважната форма на себеизразување којашто ние, како личности, ја поседуваме. Таа ги надминува културните, социјалните и сите други бариери. Насмевката секогаш ќе ги поврзува луѓето преку искажување на чувства, сензуалност и она коешто е најважно – човечност. Нашата филозофија и нашата визија за вашата светла иднина нè мотивираат да работиме за да создадеме совршено чувство за вас надминувајќи го вашиот проблем на загуба на голем број на заби или беззабост. Ние ги следиме светските трендови во стоматологијата и технологијата и постојано се едуцираме и затоа се сметаме себеси за ваш идеален избор за архитекти на вашата насмевка преку техниката All-on-6 ако сте изгубиле значителен број на заби или сте целосно без заби. Контактирајте нè и проверете дали сте кандидат за All-on-6.

Поставете прашања и добијте одговори
Наша цел е да одговориме на сите ваши прашања навремено.