Што е ботокс?

Што е ботокс?

Ботоксот е всушност името на брендот чијашто главна состојка е ботулинскиот токсин, природен протеин што се користи за моментално опуштање или релаксирање на мускулите на лицето коишто се главни причинители за брчките. Ботоксот делува преку блокирање на преносот на нервните сигнали на мускулите. Во текот на животот, мускулите на лицето се собираат и опуштаат милиони пати. Последица на овие движења на контракција е појава на трајни брчки на челото и околу него, коишто даваат повозрасен, посериозен и уморен изглед.

Побарајте одговор и совет

Наша цел е да одговориме на вашите прашања навремено.