Како до здрави заби при носење фиксен апарат?

Сите сакаат да имаат убаво подрени бели заби и убава насмевка,затоа се почесто пациентите се одлучуваат на ортодонтски третман,односно да носат ортодонтски фиксен апарат. Дали тој фиксен апарат делува да се расипат забите? Главна причина за расипување на забите при носење на фиксен апарат е лошо оржување на хигиена на забите,а не самите протези. А како да ја одржуваме хигиената ако имаме фиксен ортодонтски апарат ?
ЧЕТКАЊЕ
Како прво треба да се одбереме соодветна четка со меки влакна која е наменета за пациенти со фиксна протеза. Со кружни движења со благ притисок треба да се исчеткаат сите површини на забот опфакајќи ја брикетата, површината под жичаниот лак, а посебно треба да обрнеме внимание на вратот на забот каде што најчесто се формираат наслаги од храна. Четкањето треба да трае 3-5 мин, треба да се четка најмалку три пати на ден,но најидеално е четкање после секој оброк. Ако некогаш не сме во можност да ги исчеткаме забите треба темелно да исплакнеме со вода за да се отстранат заостанатите делови од храната.
ЧИСТЕЊЕ СО ЗАБЕН КОНЕЦ
Чистењето со забен конец може да изгледа како невозможна мисија, но треба да пробаме. Ако незнаеме како да го направиме тоа, ќе Ви објасниме при посета на нашата ординација. Барем еднаш дневно треба да се чистат забите со забен конец.
ЧИСТЕЊЕ СО ИНТЕРДЕНТАЛНА ЧЕТКА
Користењето на интерденталните четки при носење на фиксна ортодонтска протеза е многу важна. Тие четкички се така дизајнирани да навлезат под ортодонтскиот лак и комплетнога го отстранат плакот и храната кои се околу брикетата и гумиците.
ПРОБЛЕМИ КОИ НАСТАНУВААТ ПОРАДИ НЕОДРЖУВАЊЕ НА ХИГИЕНА
Добрата орална хигиена е многу важен дел при ортодонтскиот третман. Без добра орална хигиена храната се заглавува околу брикетите,се акумулира дентален плак, со што понатаму можна е појава на кариес и кавитации на забот. Ако се акумулира многу плак околу брикетите тие можат да остават дамки кога ќе се тргнат брикетите, поточно тие дамки претставуваат декалцифицирани места и остануваат преку цел живот и претставуваат потенцијални места за појава на карис. Неотстранувањето на плакот може да доведе до појава на едем-оток на непцето, крварење, црвенило. Во понатамошен стадиум со таложење на минерали од плунката на плакот се создава забен камен, а во последен стадиум сите овие локални фактори делуваат да се создадат длабоки пародонтални џепови.
Поради сето ова ЧЕТКАЈТЕ ГИ ДОБРО ВАШИТЕ ЗАБИ!
Пишува:
Др. Катерина Верушеска