Откријте дали и вашата главоболка се должи на проблеми во виличниот зглоб

Можеби и вие спаѓате во неколкуте милиони луѓе во светот кои константно страдаат од главоболка. Крвниот притисок е добар, немате настинка или проблеми со увото, а сепак искусувате болка во страничните делови на главата, вратот, околу ушите, во тилот или долната вилица па дури и забите. Типот на болката, нејзината фрекфенција и времето кога се појавува секако е од големо значење при поставување на дијагнозата, но се почесто и кај се поголем дел од популацијата ваквите типични главоболки всушност се препишуваат на проблеми во виличнит зглоб. Со следење на вашите симптоми, можете послесно да ја одвоите класичната главоболка од главоболката предизвикана од проблеми во виличниот зглоб.
Стручниот тим на Стоматолошкиот центар Др.Баткоски ве потсетува дека главоболката предизвикана од зглобот најчесто е поврзана и со:
- Крцкање и тропање во зглобот при отварање и затварање на вилицата.
- Искуство за моментално или предходно вкочување на зглобот, со неможност за отварање и затварање на вилицата.
- Историја за исчашување на зглобот.
- Болка при допир на мускулите на долната вилица и чувство на топчести формации под прстите.
- Лицева болка.
- Болка во увото или зуење.
Имено, виличниот зглоб е единствениот подвижен зглоб на главата, кој ја поврзува нашата долна вилица со черепот. Овој зглоб е координиран од неколку мускули, кои се всушност одговорни за отварање и затварање на устата и други движење на долната вилица.
Во текот на еден ден зглобот ја отвора и затвора вилицата стотици пати, при зборување, при џвакање и.т.н, но голем број индивидуи најчесто несвесно го оптеретуваат зглобот дополнително доведувајќи го во една парафункија, односно непотребно оптеретување на зглобот, како при џвакање мастики, несвесно тискање на јазикот, крицкање на нокти или молив, и стружење на забите од горната и долната вилица меѓу себе-наречено бруксизам. Сите овие парафункции дополнително го оптеретуваат зглобот и може да предизвикаат болка.
Други фактори кои доведуваат до промени во виличниот зглоб се:
- Акутни воспаленија зглобот или околните мускули.
- Неправилен загриз (предлабок или отворен загриз) помеѓу горната и долната вилица.
- Траума (удар, пад).
- Стрес.
- Недостаток на заби итн…
Третманот за ублажување на симптомите на главоболка предизвикана од вилични проблеми може да опфати:
- Стабилизациони сплинтови (од пластика или гума), кои се поставуваат помеѓу вилиците , а зглобот е во најудобн положба.
- Депрограмери ( кај преоптеретена мускулатува или акутни воспаленија на мускулите-за нивна релаксација).
- Антидепресиви, кои делуваат како мускулни релаксанти.
- Ботокс (за релаксирање на мускулите и намалување на нивната сила).
- Акопресура.
- Физикална терапија и вежби.
Ослободите се од болката. Посетете го својот стоматолог. Опишете ги своите симптоми. Прегледот на вашите заби, зглоб и мускули на вашиот стоматолог може да му бидат доволни за поставување на точна дијагноза. Најпрво би требало да се санираат акутните симптоми на болка, да се релаксира вашата мускулатура и зглоб, па дури потоа, но сепак без исклучок мора да се открие причината која довела до истата состојба (генетски фактори, лоши пломби, лоши мостови, длабок загриз, недостаток на заби, стрес итн…), неопходно е да се санира (менување на пломби или на мостови, носење на ортодонтски апарат- протези, поставување на импланти итн.), и со тоа да се одстранат ризик факторите како би настанало комплетно заздравување на зглобот и мускулите.