OhridNews ги прогласи најуспешните приказни за 2014 година и промовираше годишна ревија

Хронолошки преглед на позначајните случувања и настани во Охрид во 2014 година, се дел од првата годишна ревија на најпосетуваниот интернет портал во регионот OhridNews.

Повеќе

Најмладите ќе се едуцираат за значењето на оралното здравје

Најновите добиени податоци за оралното здравје на најмладите говорат дека бројот на заболени заби од кариес е се помал, а се поголем успех се постигнува со заштитата на забите преку залевање на трајните заби.

Повеќе

Даниел Кајмакоски во Охрид – Обожавателите ја сардисаа ординацијата на Д-р. Баткоски

Стотина дечиња денеска го „сардисаа“ здравствениот комплекс „Св. Ѓорѓија“ во Охрид, за да го видат новиот идол на нацијата Даниел Кајмакоски. Тој и денеска беше на стоматолошки третман во ординацијата „Д-р Баткоски“, додека пред вратите на комплексот еуфорично го чекаа младите обожаватели.

Повеќе

Признанија за филантропите од Охрид и Струга

Четириесет и двајца хумани поединци, организации и сервисни клубови, кои во текот на изминатите неколку години организирале или поддржале хуман настан, добротворна активност или донирале средства за доброто на заедницата во Охридско-струшкиот регион, на свеченост што се одржа вчеравечер добија признанија за филантропија.

Повеќе

Општествена одговорност: Саниран и повторно ставен во употреба мостот кај О.У. „Христо Узунов“

Со финансиска поддршка на Стоматолошкиот центар „Д-р. Баткоски“ и хотел „Максимус“ реновиран и повторно ставен во употреба мостот на улицата „Питу Гули“, наменет за безбедно преминување на учениците кои доаѓаат на настава во училиштето. Од Стоматолошката ординација „ Д- р Баткоски“ и хотел „Максимус“ изјавија дека со задоволство ја поддржале санацијата на мостот, потенцирајќи дека безбедноста на учениците е на прво место.

Повеќе

Во Охрид пристигна првиот супер модерен ласер за безболен стоматолошки третман во С. Македонија

Не го сакате звукот на машините во стоматолошките ординации? Ве плаши болниот третман? Заборавете на тоа. Од сега пациентите во Охрид ќе имаат можност да ги поправаат своите заби безболно по најнови светски методи со ласер, кој од денеска официјално е ставен во употреба во стоматолошката ординација „Д-р Баткоски“, која работи во склоп на здравствениот центар „Св. Ѓорѓија“.

Повеќе

Бесплатни третмани за социјално загрозени лица во Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“

Од овој месец, Црвен крст Охрид и Стоматолошкиот центар Д-р Баткоски, започнуваат заедничка, партнерска соработка наменета за социјално загрозените лица. Имено, секој месец во текот на една година, од страна на Црвениот крст ќе се врши избор на 10 социјално загрозени лица, кои ќе добијат бесплатен стоматолошки третман во ординацијата Д-р Баткоски.

Повеќе

Седум години во служба на здравјето на граѓаните

Спојот на искуство, професионализам, врвни услуги и општествена одговорност, преточени во заеднички проекти кои успешно ги реализираат веќе седум години, се заштитен знак на соработката на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ и аптеки „Виа Фарм“, во функција на грижа за здравјето на граѓаните во Охридско-струшкиот регион.

Повеќе

Британците ќе ги поправаат забите во Охрид

Најпознатиот стоматолошки бренд во регионот, стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, склучи договор за партнерство со британската компанија „KINGS MEDICAL“ со седиште во Лондон, која промовира здравствен туризам.

Повеќе

Даниел Кајмакоски со разубавена насмевка во Охрид, ќе ја освојува евровизиската сцена

Македонскиот претставник на „Евросонг“ 2015 Даниел Кајмакоски, ја разубавува својата насмевка во познатиот стоматолошки центар „Д-р Баткоски“ во Охрид.

Повеќе