Признанија за филантропите од Охрид и Струга

Четириесет и двајца хумани поединци, организации и сервисни клубови, кои во текот на изминатите неколку години организирале или поддржале хуман настан, добротворна активност или донирале средства за доброто на заедницата во Охридско-струшкиот регион, на свеченост што се одржа вчеравечер добија признанија за филантропија.
Признанијата им беа доделени во рамки на завршниот настан од Проектот „Филантропија-Човекољубие на дело” реализиран од Здружението на граѓани „Локална Агенција за Развој” од Струга како дел од програмата на „Civica Mobilitas“, имплементирана од Центарот за институционален развој „ЦИРа” и финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка „SDC”.