Рентген дијагностика

потребата на Х-зраци е неизбежна постапка во високо квалитетната стоматолошка дијагностика. Таа е неопходна бидејќи дава увид во здравствената состојба на делови од усната шуплина кои не се видливи за време на клиничкиот преглед.

За разлика од аналогните Х-зраци,дигиталната рентгенграфија претставува нова технологија во радиолошкото снимање што дава одличен квалитет на сликата со минимално можно зрачење и значително пократка изложеност. Ова буквално значи дека може да се направат десетици снимки,без да бидеш изложен на истата количина на зрачење како што беше случај претходно со аналогните Х-зраци со што значително се зголемува безбедноста и за клиентот и за персона лот. Освен тоа како модерна дигитална технологија,овозможува екстремна прецизност која е од голема значајност за дијагностичарот како и непосредна презентација на снимката на екран со што се штеди времето потребно за развивање на сликата.

Постојат неколку видови Ртг снимки на забите и вилиците од кои најкористени се ортопантомограмот и интра-оралното снимање на индивидуални заби.

Ортопантомограм е панорамско снимање на горната и долната вилица која покрај забите ги покажува и виличните коски,зглобови и синуси. Се препорачува вакво снимање на да се прави на секои 2-4години,со цел да бидете целосно свесни за здравјето на сите структури.

Интраорално снимање на индивидуален заб е насочено стоматолошко снимање што ја прикажува коронката и коренот на забот во детали како и околните структури на периодонциумот и алвеоларната коска. Тоа е неизбежно во дијагностиката како и во контролата на квалитетот на стоматолошките интервенции.

Ендометарот е уред кој се користи во ендодонтскиот третман и служи за прецизно одредување на должината на коренскиот канал. Ваквиот третман се врши во област невидлива при клиничката инспекција па затоа ендометарот е од суштинско значење за стекнување на увид во изгледот на просторот,првенствено неговата должина а со цел да се отстрани инфицираното ткиво и бактериите од коренскиот канал до врвот. Ако не ја знаеме точната должина на коренскиот канал,веројатноста дека третманот ќе се врши само на дел од каналот е многу висока,што би ја загрозила целата постапка.

Интра/екстра орални фотографии овозможува детален увид во здравјето,естетиката и функцијата на усната шуплина. Со тоа нашиот стручен тим може да ги надгледува снимените структури,коментира и одлучи за текот на терапијата со цел постигнување најдобри резултати.