Имплантолошки припреми

Импланти


Милиони луѓе страдаат од губење на забите,најчесто од вадење на рсипаните заби, ингивитис или повреда. Денталните импланти-замена на забните корни,кои се направени од титаниум-нудат цврста замена за поставувањето на постојани или мобилни протетски надоместоци вештачки заби (коронки)



За време на последните 20 години забните имланти станаа попосакувана алтернатива за замена на изгубени заби за разлика од останатите методи. Одличната стапка на успех и широкиот опсег на можности им обезбеди на стоматолозите голем избор на нови начини за лекување и замена на изгубените заби.

Вашиот стоматолог може да го процени вашиот случај и да ви каже доколку сте кандидат за забни импланти. Во однос на структурата, забниот имплант е цилиндар на база на титаниум којшто го заменува изгубениот забен корен. По одреден временски период се поставуваат и останатите делови на имплантот за да му овозможат на вашито стоматолог на крајот да постави коронка на имплантот. Имплантите можат да се користат исто така и за потпора на целосни или делумни протези, при што драматично ја подобруваат потпората и стабилноста.

Најголем дел од пациентите со соодветна коскена структура можат да си вметнат импланти, меѓутоа тоа сепак се разликува во зависност од личноста. Вообичаено се вршат рентгенски снимки и компјутерски томографии за да се одреди дали имате доволна количина на коска за да се вметне имплантот, како и за да се потврди големината и видот на имлантот што треба да се постави.

Придобивки од забни импланти

Споредено со фиксните мостови и мобилните протетски помагала, кои како потпора ги користат останатите заби или ткивото на непцето, имплантите имаат многу предности:

1. Подобар естетски изглед

Поради тоа што имплантите се поставуваат во непцето на сличен начин како што стои природен заб, тие обезбедуваат пореален и поприроден изглед во споредба со другите алтернативи.

2. Намалено повлекување на коската

При губење заб, потпорната коска постепено се намалува. Вментувањето имплант во тој празен простор значително ја намалува брзината на повлекување на коската и обезбедува стабилност за ова значајно ткиво.

3. Стабилност

Пациентите коишто имале искуство со мобилните целосни или парцијални протези знаат дека задржувањето на протезите на истото место е секогаш предизвик. Забните импланти нудат огромно подобрување на стабилноста на протезите за сите пациенти. Во некои случаи протезата може да се прицврсти за група импланти со посебни завртки коишто целосно ја стабилизираат протезата.

4. Зачувување на структурата на природните заби

Мостот е често претпочитан метод за замена на само еден изгубен заб. Мостовите бараат дополнителна подготовка на околните заби за конечно да може да поврзе 3 или повеќе заби. Ова има негативно влијание врз вашето здравје на тој начин што ја отежнува заштитата на вашите заби и на тој начин што често бара да се уништат постоечките забни стрктури за да се создаде простор за новиот мост. Имплантот е најчесто независен и не влијае негативно врз соседните заби.