Естетска и превентивна стоматологија


Венери (ламинати)


Венерите се тенки прилагодливи школки односно шуплини кој го покриваат предниот (фронтот)дел од забите,залепени на предниот дел од забите, менувајќи ја нивната боја, големина или должина, ламинатите можат да бидат направени од порцелан или композитна пломба. Ламинатите нудат конзервативен начин на менување на бојата на забите или нивната форма во споредба со навлаките но процесот е неповратен.


Белеење на забите


Кој не би сакал блескава насмевка? Голем асортиман на различни начини за белеење на забите е достапен, вклучувајќи ги и пастите за белеење,геловите ленти и кремови и други начини за белеење кој ги употребуваат стоматолозите. Но белеењето не е за секого.
Идеално е за луѓе кои имаат здрави и целосни заби но исто така и здрави непца(гингиви). Индивидуите со жолти тонови на нивните заби одговараат најдобро. Зборувај со твојот стоматолог и дознај дали белеењето на забите е добро за вас.



Преглед на естетската стоматологија

Естетската стоматологија е поле на стоматологијата коешто е во брз подем. Во естетската стоматологија акцентот стои на подобрување на насмевката на пациентот преку промена на изгледот на забите и устата. Многу луѓе гледаат на естетските стоматолошки зафати како изборно лекување наспроти неопходните стоматолошки лекувања, но доколку човек поседува прекрасна, привлечна насмевка и не се чувствува сигурен во својот изглед, овие зафати можат да придонесат човек да се чувствува позадоволен со самиот себе и да води до поисполнет и посреќен живот.

Како работат естетските стоматолози

Естетската стоматологија е најдобриот начин да ја подобрите вашата насмевка, без разлика дали се работи за оштетени заби, недостаток од заби, простор меѓу забите или пак заби со променета боја или дамки. Вашиот естетски стоматолог ви ги нуди сите свои OUR SERVICES во својата пријатна стоматолошка ординација, така што не морате да се грижите дека ќе бидете упатени на други специјалисти. Ова ви заштедува пари, ви ги штити забите и помага да се избегне потребата за инвазивни стоматолошки зафати.

Лекувања од естетската стоматологија

Во моментот постојат многубројни зафати на естетската стоматологија, кои се достапни. Меѓу нив се вбројуваат:

Поправка со композитен материјал – ги заменува поткршените, скршените заби и деловите од забите со променета боја преку употреба на посебен композитен материјал.

Забни импланти – вештачка замена за забниот корен, која се користат за да се заменат забите кои недостасуваат.

Забни винири – залепени за површината на забот или забите со цел да се прикријат празнини, пукнатини и скршени делови кај постоечките заби, како и да се подобри бојата на забите.

Лиени пломби (inlays) и лиени пломби со поголема зафатнина (onlays) – исто така се нарекуваат индиректни пломби – тие се вид на долгорочна пломба, којашто се додава на заби со забен кариес или други структурни оштетувања.

Белење заби – најчесто препорачуваниот и најпрактикуваниот зафат на естетска стоматологија, белењето заби, ги отстранува дамките од забите, додека естетскиот зафат може да се изведе дома или пак во ординацијата на естетскиот стоматолог.