Орални хируршки припреми


Формирање на гингивите


Формирањето на гингивите може да ја подобри „гингивалната“ насмевка во која забите изгледаат пократки,или таму каде гингивалната линија е нецелосна. Мала количина од гингивалното ткиво-или додаток на коскено ткиво ако е потребно е одземено и контурирано за да се гледа поголемиот дел од забот. Оваа процедура може да биде направена на еден заб или на цела гингивална линија. Или на неколку заби за природен изглед и широка насмевка.


Повлекување на гингивите


Постоечките пломби некогаш треба и да се заменат поради нивното време траење или поради нивното кршење.
Корењата на забите кои се изложени за време на рецесија на гингивата може да бидат чувствителни на топло и ладно, храна и течност, и тие прават забот да изгледа подолг. Рецесијата на гингивите може да претставува ризик за настанување на кавитет на коренот и може да доведе до губење на забната коска и на крај губење на забот.



Постојат повеќе видови пародонтални процедури кои се фокусирани на превенција и реставрација на гингивалното ткиво.Заедно со подобрувањето на функцијата и продолжувањето на здравјето на твоите заби,можеш да го подобриш естетскиот квалитет на твојата насмевка.

Рецесијата на гивгивата може да доведе до повеќе здравствени проблеми вклучувајќи и нерамномерна линија на непцето,изложени корени на забите или евентуална загуба на заб со екстензивна рецесија.Додека нерамномерното непце може да влијае на твојата доверба,сензитивноста од експонираноста на коренот или загубата на забот може да влијае на правилната функција на структурите.

Додека на агресивното четкање и заболувањата на гингивата може да бидат допринесувачки фактори на гингивалната рецесија,нашите пародонтолози се фокусирани на откривање на причината додека го обезбедуваат најефективниот третман.

Некои оперативни решенија вклучуваат:

* процедура со мекоткивен графт кој ке овозможи репарација на оштетувањето и помогне против дополнителна рецесија и загуба на коската.Графтовите се употребуваат за покривање на оголените корени или за помагање за раст на ново ткиво.Процедурата помага за намалување на сензитивноста и помага во заштита од натамошно оштетување.

* за време на процедурата за редукција на џебовите,гингивата е подигната и се отстранува забниот камен.Дополнително замазнување на оштетената површина може да биде извршено доколку е потребно.По ова процедура,пародонтологот ќего адаптира гингивалното ткиво цврсто околу забната структура.

* надоградбата на коска е процедура која вклучува замена на изгубена или оштетена коскена структура што може да се должи на несреќа или пародонтално распаѓање.Делови од твојата коска,артефициелна коска или донирана коска се употребува за време на порцесот.Овие графтови помагаат поттикнување на повторен раст на коската,враќајки ја структурата,стабилноста и функционалноста на твоите заби.

* водена ткивна регенерација е друга можност достапна кога постоечката коскена структура е оштетена.За време на ова процедура,пародонтологот ја повлекува назад гнгивата и отстранува сите бактерии при внесувањето на мембраните или протеините кои го стимулираат околното ткиво,помагајќи го природниот регенеративен процесс на телото.