Протетика


Протези


Протезата е мобилна замена за изгубените заби и околното ткиво. Имаме два вида на протези:тотални и парцијални. Тоталните протези се употребуваат кога сите заби во усната празнина се изгубени,додека парцијалните протези се употребуваат кога дел од природните заби останува во усната празнина


Мостови


Фиксиран мост заменува еден или повеќе заби со поставување на коронките на забот од двете страни,и ставање на вештачки заб над нив. Мостот е тогаш поставен. Мериленд мостивите можат да бидат изработени од метал-керамика или циркониум кои се поддржани од палатинална рамка.



Фиксна Протетика

Коронка е реставрација која се поставува на заб кој изгубил голем дел од неговата структура. Постојат повеќе типови на корорнки,од наполно порцелански до наполно метални коронки. Нашиот стоматолошки тим ќе ти ги објасни предностите и слабостите на секој вид.

Денталниот мост е надоместок кој се користи за надоместување на еден или повеќе изгубени заби. Тие се така конструирани да задоволуваат естетски и воедно да ја реставрираат правилната оклузија. Како и коронките,мостовите се целосно прилагодливи и изработени од повеќе материјали,вклучувајќи порцелан и метал. Мостовите се цементирани за преостанатите заби и може да бидат отстранети само од страна на докторот.

И коронките и мостовите се така изработени да одговараат на бојата,висината,текстурата и пред се на изгледот на преостанатите заби. Повеќето мостови и коронки ќе траат долго,отстранувајќи ја потребата за нивна замена освен ако паѓаат или стануваат лабави. Можеш да ја продолжиш трајноста на коронката или мостот со адекватна орална хигиена и посета на твојот стоматолог за регуларни контроли.

Мобилна Протетика

Иако е постигнат голем напредок во стоматологијата,губењето на забите сеуште е чест проблем. Постојат повеќе можности достапни за пациенти кои ги изгубиле своите заби. Еден од почесто употребуваните и прифатливи методи е постава на мобилни протези.

Стандардни тотални протези

Тоа се протези кои имитираат цел сет на горни и долни заби. Овој тип на протеза користи вакум како би стоела на своето место. Тие се изработуваат од свитлив материјал кој го прави добивањето на вакум полесно. Како и да е поради ова стандардните тотални протези бараат рутински посети на стоматолог. Со тоа што се свитливи,протезите се подложни на предизвикување на атрофија на гребенот со што протезата повеќе не налегнува целосно па се појавуваат простори кои го нарушуваат вакум и протезата клацка.

Парцијални протези

Парцијалните протези се протези кои заменуваат одреден број на заби,но не цел сет. Парцијалната протеза е надоместок кој е поддржан од преостанатите заби и меки ткива. Тие се посигурни од стандардните тотални протези и поудобни.

Инлеи и онлеи

Инлеи и онлеи се реставрации кои се поставуваат на забот доколку губитокот на забна структура е голем за да се реставрира со пломба. Процесот на изработка на ваквите надоместоци е многу сличен на изработката на коронка. Кога изработката е подготвена,се цементира на забот. Постојат повеќе материјали од кои може да биде изработен инлеот, вклучувајќи злато,порцелан и композитни смоли. Поцеланот и композитните инлеи и онлеи се козметичка алтернатива на пломбата и се многу по цврсти во споредба со обичните бели полнења. Златните инлеи и онлеи се исто така соодветна алтернатива но нивниот изглед ги прави се помалку популарни.

Стоматолошкиот тим во нашата ординација ќе ви објасни кога инлеот е остварлива тераписка можност за вас. Генерално,инлеите и онлеите можат да ги заменат повеќето пломби на бочните заби и понекогаш се козметички поприфатливи пред конвенционалните полнења.