DIAGNOCAM - ИНТРАОРАЛНА КАМЕРА

Со идеја да дадеме една нова перспектива на кариесот и невидливото да го направиме видливо, технологијата на утрешното време ви ја представуваме денес. Станува збор за т.н. ласерско откривање на кариес  достапно само во нашиот стоматолошки центар “Др.Баткоски”. Многу важно е што оваа камера ги открива оние рани фази на кариесот пред тој да има можност да даде било какви симптоми. Kavo Diagno Cam-  диагностичкатa камера со сигурност ги открива кариесите во најраната фаза и ви овозможува поправање на забите со принципите на модерната, минимално инвазивна или како што велиме безболна стоматологија. KaVo DIAGNOcam ги користи здравите забни структури како пренесувачи на флуоресцентната светлина која ја произведува самата камера. Во истиот момент ласерот ја пушта светлината,  видео камерата го слика моментот на поминување на зракот низ забот и го пренесува на монитор, при штовашиот стоматолог и вие може во реална временска инстанца да ја гледате и што е најважно да ја разберете состојбата на вашите заби . Ваквиот уред може да открие кариес онаму каде нема видливо оштетување на површината,а кариесот е скриен и неможе да се почувствува со регуларно испитување со сонда.


Кои се предностите од ласерското откривање на кариесот?

Покрај секако откривањето и на наситните кариеси во нивната почетна фаза, алатката Diagno Cam  ви ги нуди следните предности
  1. 1. Ја утврдува дијагностиката во ареата на забните јамички
  2. 2. Ги утврдува кариесите под стари пломби
  3. 3. Го мониторира кариесот и неговиот равој,може да се зачуваат податоците и да се следи ситуацијата.
  4. 4. Нуди минимално инвазивен третман,
  5. 5. Ја заштедува здравата забна супстанца
  6. 6. Ја отвора можноста за превентивно делување
  7. 7. Не емитира штетно зрачење за разлика од рентген апаратите
  8. 8. Конфорен,без болка и ја зголемува довербата на пациентот

Третманот на раните кариеси подразбира избирање на методи на минимално инвазивна стоматологија  каде се штеди забна супстанца, на тој начин се заштитуваат  здравите делови на забот и се превенираат понатамошни компликации и лекување на забот, а пациентот  заштедува пари за подолг временски интервал.