Компјутерски дизајнирана насмевка



Една потешкотија во креирањето на нова насмевка е секако неможноста за визуелизација на промената која ви е предложена од страна на стоматологот. Со помош на софтверот за Компјутерски дизајнирана насмевка, пациентот всушност може да има преглед на промените дури и пред да биде отпочнат третманот.

DSS (Digital Smile System) софтверот, со работа чекор по чекор , прави естетска евиденција на виртуелната насмевка на персонализиран начин. DSS е комерцијален софтвер, специјализиран за процесирање на фотографии од пациенти,направени во ординација за стоматолошки цели. Процедурата е едноставна. Благодарение на едноставниот фотографски протокол овој софтвер е во можност да извршува детална анализа на лицето на пациентот. Потоа ние можеме да избираме заби што ќе ја променат вашата насмевка,без оглед дали се работи за мала или голема реставрација.

Вашите дигитални фотографии, обработени во програмот за дизајнирање на насмевка, ќе ги добијат промените кои се предложени од наша страна.



Ваквата алатка за фотографска анализа е од есенцијално значење за комуникацијата помеѓу стоматологот, пациентот и забниот техничар во современата стоматологија. Преку дигитално процесирање ние ќе бидеме во можност на пациентот да му ја доловиме визијата за финалниот резултат, и да обезбедиме неопходни информации за забниот техничар кој ја финализира целокупната слика,со компјутерска изработка (CAD CAM) на протетската конструкција во Sirona inlab system.