ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

КАКВА ПАСТА ЗА ЗАБИ ТРЕБА ДА СЕ УПОТРЕБУВА?

Прво, при купување паста за заби за Вашето дете, изберете ја онаа која содржи флуор. Флуоридите кои ги содржат пастите за заби се докажани во борбата против кариесот. Сепак, бидете претпазливи: користете многу мала количина кај деца до 6 годишна возраст (со големина на зрно грашок). Тоа е затоа што малите деца ја голтаат пастата за заби, а проголтувањето премногу флуор може да доведе до промена на бојата кај трајните заби.

Кога се размислува за други својства на пастите за заби - како избелувачките пасти за заби, пастите кои помагаат во редукција на забниот камен и контрола на забниот плак, оние за нега на непцата, оние кои содржат средство за намалување на сензитивноста на забите, итн - најдобрите совети за избор меѓу овие производи можете да ги побарате од Вашиот стоматолог, кому ќе ја доверите грижата за здравјето на Вашата уста.

Дали е штетно рентгенското зрачење кај стоматолог?

Современите дигитални РТГ апарати, како оној што го користиме во Стоматолошки центар Д-р Баткоски, обезбедува најмало можно зрачење кое се споредува со она од мобилните телефонски уреди.

Како да се совлада стравот од посета на стоматолог?

Денес постојат голем број стратегии кои може да се користат за намалување на стравот, вознемиреноста и болката. Овие стратегии вклучуваат употреба на медикаменти кои ќе Ви помогнат да се релаксирате, локален анестетик за целосно обезболена регија за работа, употреба на ласери наместо традиционалните "дупчалки" за отстранување на кариесот, примена на различни техники.
Отворено прашајте го стоматологот за се што Ве интересира!

Од што се јавува сензитивноста на забите на топло или ладно?

Најчести причини се: кариес, пукната пломба, абрадиран емајл, повлечена гингива и експониран забен корен.
Посетете го Вашиот стоматолог за да се утврди вистинската причина за сензитивноста, и навремено да се санира.

Кога за прв пат детето да посети стоматолог?

Првата вистинска посета на стоматолог пожелно е да се случи кога ќе никнат сите млечни заби. Тогаш ќе бидете обучени како да ја одржувате хигиената кај детето, а тоа стекнува позитивна навика и пријателски однос со неговиот стоматолог. Тој однос е неоптоварен со траумите кои ги доживуваат оние деца кои за прв пат се сретнуваат
со својот доктор кога се во голема болка и не знаат што ги очекува во ординацијата.
Особено е важно да се забележи никнувањето на првите шестогодишни катници и да се следат упатствата за нивна заштита од кариес. Затоа неизоставно на шест години направете една консултативна посета на стоматолог за тој да Ви даде насоки кои можат да имаат големо значење за изгледот на Вашето дете.