Дали имате лош мирис од вашата уста

Халитоза го знаеме како ,,лош здив,, (fetor ex ore )

Иако тоа е релативно мал здравствен проблем , лошиот здив може да биде вознемирувачки.Често може да  чувствувате непријатност пред вашите партнери и пред вашите колеги.Незгодната причина на халитоза е дека многу луѓе не се свесни дека тие ја имаат ,а тоа е затоа што клетките  во носот кои се одговорни за сетилото за мирис,всушност не реагираат на континуиран прилив на лош мирис .

Ние ке доведиме неколку причини за лошата миризба на усната празнина

  • расипани заби ,стари полнења ,камења на заби видливи или невидливи под непцата на забите
  • не редовно четкање и чистење со забен конец
  • пародонтални болести кои предизвикуваат забите да станат лабави ,а со тоа овозможуваат создавање на џебови каде што се колонизираат бактериите и доведуваат до лош здив
  • тесните простори меѓу забите ,неправилните стоматолошки изработки ,застаната храна , гнојни воспаленија и неисчистени протетски помагала-
  • пушење ,алкохол,и системски заболувања како што се дијабетес ,заболувања на црн дроб,бубрези и др.
  • консумирање на одредени лекови ,особено оние лекови кио го намалуваат протокот на плунката и доведуват до сушење на уста(антидепресиви,антихистаминици и др).

Еве неколку совети како да се ослободите од ЛОШ ЗДИВ

  • миење на забите 3 пати на ден и чистење со забен конец еднаш дневно
  • исчистете го вашиот јазик пред спиење со стружење
  • промена на стари пломби или мостови
  • редовно професионално чистење на забен камен со ултразвук
  • санирање на заболувањето кое се претпоставува дека довело до халитоза
  • да се спречи гладот со редовно јадење и прескокнување на оброци
  • намалете консумирање на алкохол,цигари и кафе ,и пијте барам 8 чаши вода дневно за да ја одржите устата влажна
  • прашајте го вашиот лекар или фармацевт дали вашите лекови предизвикуваат проблем на сува уста кои може да доведат до лош здив
  • обратете се кај вашиот стоматолог да ви даде совети за одржување правилна нега на вашите непца и заби

Не игнорирајте ги знаците кои ви ги дава вашиот организам . Дури и едноставен симптом како лошиот здив може да биде аларм за некое посериозно заболување !

Како чувањето на оралното здравје ни помага да го зачуваме целокупното наше здравје

Др.Емилија Стојаноска

Многу малку луѓе успеваат да ја сфатат поврзаноста помеѓу здравјето во усната шуплина со општото здравје на целиот организам. Имено, состојбата на забите и непцата може да влијае и на целиот организам и да направи разлика, било да е во позитивна или негативна смисла. Всушност кога еднаш ќе ги разберете сите начини на кои оралното здравје влијае на општата ваша состојба, можеби ќе помислите: “Време е веднаш да го посетам својот стоматолог”.

1. Оралното здравје и дијабесеот

Доколку имате дијабетес, вашето орално здравје е дури поважно во споредба со останатите луѓе. Воспалението на непцата негативно влијае на нивото на шеќер во крвта, што е дополнителен проблем кај индивидуи заболени од дијабетес. Исто така дијабетесот, кој влијае на малите крвни садови, го отежнува зараснувањето на раната по вадење на заб, при што најнеопходно е навремено лекување на забите, како не би дошло до вадење на заби и ризик од дополнителни супер инфекции.

2. Оралното здравје и кардио-васкуларните заболувања

Периодонталните заболувања (заболувања на непцето и коската во устата) го зголемува ризкот од срцеви заболувања, излив, инфаркт. Исто така се теоретизира дека наслагите на забите и бактериите кои живеат во нив наоѓаат пат до крвотокот, формират депозити на ѕидовитена артериите и може да предизвикаат згрутчување на крвта.

3. Оралното здравје и белите дробови

Доколку нивото на лошите бактерии кои предизвикуваат сериозно воспаление на непцата, се зголеми, може да се зголеми и ризикот од сериозни проблеми со белите дробови. Како всушност се одвива таа спрега? Кога дишеме бактериите од устата имаат слободен пат до нашите бели дробови. Како резултат на тоа во моменти на пониска одбрана на нашиот имунитет, може да искусиме иритација и воспаление на дишните патишта и белите дробови.

 

4. Здравјето на јазикот и бактериите

Сигурно веќе некаде се имате запознаено со фактот дека јазикт е подеднакво , ако не и подобра подлога за бактерии од самите заби. Четкањето на јазикот станува задолжителен чекор при одржувањето на секојдневната хигиена во устата. Со тоа освен што ќе го одстраните непријатниот мирис во устата, ќе ги одстраните и насобраните бактерии и ќе спречите нивно ширење кон остатокот од телото.

Одржувањето на здравјето во устата , не само што ќе ве држи понастана од губење на забите, и покомплицирани стоматолошки зафати на истите, туку и ќе ви помогне во зачувувањето на општото здравје. Одржувањето на здравјето на забите, непцата, јазикот не подразбира само регуларно миење на забите. Најдете време и два пати во годината посетете стоматолог за целосен орален преглед, влог вреден за Вашето здравје.

Како до здрави заби при носење фиксен апарат

Сите сакаат да имаат убаво подрени  бели заби и убава насмевка,затоа се почесто пациентите се одлучуваат на ортодонтски третман,односно да носат ортодонтски фиксен апарат.Дали тој фиксен апарат делува да се расипат забите?Главна причина за расипување на забите при носење на фиксен апарат е лошо оржување на хигиена на забите,а не самите протези.

А како да ја одржуваме хигиената ако имаме фиксен ортодонтски апарат ?

1.ЧЕТКАЊЕ.

Како прво треба да се одбереме соодветна четка со меки влакна која е наменета за пациенти со фиксна протеза.Со кружни движења со благ притисок треба да се исчеткаат сите површини на забот опфакајќи ја брикетата, површината под жичаниот лак, а посебно треба да обрнеме внимание на вратот на забот каде што најчесто се формираат наслаги од храна.Четкањето треба да трае 3-5 мин,треба да се четка најмалку три пати на ден,но најидеално е четкање после секој оброк.Ако некогаш не сме во можност да ги исчеткаме забите треба темелно да  исплакнеме со вода за да се отстранат заостанатите делови од храната.

2.ЧИСТЕЊЕ СО ЗАБЕН КОНЕЦ

Чистењето со забен конец може да изгледа како невозможна мисија, но треба да пробаме.Ако незнаеме како да го направиме тоа, ќе Ви објасниме при посета на нашата ординација.Барем еднаш дневно треба да се чистат забите со забен конец.

 

 

3.ЧИСТЕЊЕ СО ИНТЕРДЕНТАЛНА ЧЕТКА

 

Користењето на интерденталните четки при носење на фиксна ортодонтска протеза е многу важна.Тие четкички се така дизајнирани да навлезат под ортодонтскиот лак и комплетнога го отстранат плакот и храната кои се   околу брикетата и гумиците.

 

ПРОБЛЕМИ КОИ НАСТАНУВААТ ПОРАДИ НЕОДРЖУВАЊЕ НА ХИГИЕНА

Добрата орална хигиена е многу важен дел при ортодонтскиот третман.Без добра орална хигиена храната се заглавува околу брикетите,се акумулира дентален плак,со што понатаму можна е појава на кариес и кавитации на забот.Ако се акумулира многу плак околу брикетите тие можат да остават дамки кога ќе се тргнат брикетите ,поточно тие дамки претставуваат декалцифицирани места и остануваат преку цел живот и претставуваат потенцијални места за појава на карис.Неотстранувањето на плакот може да доведе до појава на едем-оток на непцето,крварење,црвенило.Во понатамошен стадиум со таложење на минерали од плунката на плакот се создава забен камен, а во последен стадиум сите овие локални фактори делуваат да се создадат длабоки пародонтални џепови.

Поради сето ова ЧЕТКАЈТЕ ГИ ДОБРО ВАШИТЕ ЗАБИ.

 

Пишува:

Др.Катерина Верушеска

Откријте дали и вашата главоболка се должи на проблеми во виличниот зглоб!

Можеби и вие спаѓате во неколкуте милиони луѓе во светот кои константно страдаат од главоболка. Крвниот притисок е добар,немате настинка или проблеми со увото, а сепак искусувате болка во страничните делови на главата ,вратот, околу ушите , во тилот или долната вилица па дури и забите. Типот на болката , нејзината фрекфенција и времето кога се појавува секако е од големо значење при поставување на дијагнозата, но се почесто и кај се поголем дел од популацијата ваквите типични главоболки всушност се препишуваат на проблеми во виличнит зглоб.

Со следење на вашите симптоми, можете послесно да ја одвоите класичната главоболка од главоболката предизвикана од проблеми во виличниот зглоб. Стручниот тим на Стоматолошкиот центар Др.Баткоски ве потсетува дека главоболката предизвикана од зглобот најчесто е поврзана и со:

1. Крцкање и тропање во зглобот при отварање и затварање на вилицата,

2. Искуство за моментално или предходно вкочување на зглобот, со неможност за отварање и затварање на вилицата,

3. Историја за исчашување на зглобот

4. Болка при допир на мускулите на долната вилица и чувство на топчести формации под прстите,

5. Лицева болка

6. Болка во увото или зуење

Имено, виличниот зглоб е единствениот подвижен зглоб на главата, кој ја поврзува нашата долна вилица со черепот. Овој зглоб е координиран од неколку мускули , кои се всушност одговорни за отварање и затварање на устата и други движење на долната вилица.

Во текот на еден ден зглобот ја отвора и затвора вилицата стотици пати, при зборување ,при џвакање и т.н, но голем број индивидуи најчесто несвесно го оптеретуваат зглобот дополнително доведувајќи го во една парафункија, односно непотребно оптеретување на зглобот, како при џвакање мастики, несвесно тискање на јазикот, крицкање на нокти или молив, и стружење на забите од горната и долната вилица меѓу себе-наречено бруксизам. Сите овие парафункции дополнително го оптеретуваат зглобот, и може да предизвикаат болка.

Други фактори кои доведуваат до промени во виличниот зглоб се:

1. Акутни воспаленија зглобот или околните мускули

2. Неправилен загриз (предлабок или отворен загриз) помеѓу горната и долната вилица

3. Траума (удар, пад)

4. Стрес

5. Недостаток на заби и т.н

Третманот за ублажување на симптомите на главоболка предизвикана од вилични проблеми може да опфати:

1. Стабилизациони сплинтови (од пластика или гума), кои се поставуваат помеѓу вилиците , а зглобот е во најудобн положба

2. Депрограмери ( кај преоптеретена мускулатува или акутни воспаленија на мускулите-за нивна релаксација)

3. Антидепресиви, кои делуваат како мускулни релаксанти

4. Ботокс (за релаксирање на мускулите и намалување на нивната сила)

5. Акопресура

6. Физикална терапија и вежби

Ослободите се од болката. Посетете го својот стоматолог. Опишете ги своите симптоми. Прегледот на вашите заби, зглоб и мускули на вашиот стоматолог може да му бидат доволни за поставување на точна дијагноза. Најпрво би требало да се санираат акутните симптоми на болка, да се релаксира вашата мускулатура и зглоб, па дури потоа , но сепак без исклучок мора да се открие причината која довела до истата состојба (генетски фактори, лоши пломби, лоши мостови, длабок загриз,недостаток на заби, стрес и т.н) , неопходно е да се санира (менување на пломби или на мостови, носење на ортодонтски апарат- протези , поставување на импланти и т.н), и со тоа да се одстранат ризик факторите како би настанало комплетно заздравување на зглобот и мускулите.

Пишува: мр.др.Емилија Стојаноска

Испукани усни- како да се справите со нив?

 

Можеби со настапување на зимската сезона голем дел од вас се соочуваат со непријатно чувство на испукани и суви усни. Едно од најмасовните заболувања на усните е Cheilitis simplex.Image result for lips cracked

Хеилитот може да ги зафати усните, кожата околу нив, усните агли како и вермилионот. Усните се дел од усната празнина и играат улога како преграда преку која се контролира приемот и екскрецијата на различни хранливи материи и течности. Од внатрешната страна усните се покриени со лигавица која е изградена од многуслоен плочест некератинизирачки епител. Во неа се наоѓаат мали плункови жлезди кои можат да се напипаат. Кожата преминува во лигавица по работ на усните. Лигавицата е богато снабдена со крвни садови поради што има и црвеникава боја. Редица болести на крвта и крвоснабдувањето може да ја променат бојата на лигавицата што има важно дијагностичко значење. Continue reading “Испукани усни- како да се справите со нив?”

EverStick- нова надеж по губењето на преден заб

Недостатокот на некој заб, особено доколку се работи за заб во фронталната регија најчесто е непријатно и трауматско искуство за секоја индивидуа. Имено по вадење на заб неопходно е да поминат и до 3 месеци пред да се направи дефинитивна мостова конструкција или пак да се постави импlant, односно до комплетно заздравување на непцето и коската. Continue reading “EverStick- нова надеж по губењето на преден заб”

Имате осетливи заби? Обрнете внимание, во зима може да стане полошо!

 

Секоја наредна година исто, опаѓање на температурите, скратување на денот и наговестување за најстудениот период во годината. Со надоаѓањето на зимата секој однас има по некој ритуал со кој се подготвува за пречек на овој романтичен, но и многу студен зимски период. Како и да е еден неизбежен сегмент од вашите подготовки нека биде и посета на вашиот стоматолог, особено доколку сте прескокнале некои од регуларните термини за чистење и контрола на вашите заби,еве и зошто. Continue reading “Имате осетливи заби? Обрнете внимание, во зима може да стане полошо!”

ПОЧУВСТВУВАЈТЕ ЈА МАГИЈАТА НА ЕСТЕТСКАТА СТОМАТОЛОГИЈА

Очите се можеби огледало на душата, но насмевката е всушност она првото што луѓето го забележуваат на вас и се огледало на вашата личност. Судејќи по здравјето на ваште заби многумина ќе го изградат првиот впечаток за вас. Моќта на насмевката е голема и не смеете да ја подцените нејзината важност. Убавата насмевка ќе направи да бидете попријатни, попријателски расположени и посамоуверени. Continue reading “ПОЧУВСТВУВАЈТЕ ЈА МАГИЈАТА НА ЕСТЕТСКАТА СТОМАТОЛОГИЈА”

Мали кариеси, големи проблеми

Сигурно ви се случило да ги погледнете своите заби во огледало и да забележите кафеави линии по површината кои ве загрижиле и ве потсетиле дека можеби е време за контрола кај вашиот стоматолог. Притоа вашиот стоматолог по прегледот утврдува дека тоа е комплетно здрав заб само лесно пребоен од пигменти кои секојдневно ги внесуваме со храната. Секојдневната пракса покажува дека без соодветна апаратура за испитување на веројатноста дека овие потемни места може всушност да бидат кариес, повеќето стоматолози секако би ги сведиле овие пребоени ареи на дамки кои не даваат никакви други симптоми и ризици. Continue reading “Мали кариеси, големи проблеми”